Американскиот претседател во заминување Барак Обама в петок во Берлин со европските лидерти ќе разговара за продолжување на санкциите спрема Русија поради интервенцијата во Украина, како и за воведување нови санкции поради бомбардирањето на Сирија, јави Ројтерс.
Со состанокот ќе претседава германската канцеларка Ангела Меркел, а ќе присуствуваат и лидерите на Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија.
Состанокот е организиран една недела по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД и според изјави не неименувани германски функционери, целта е да се обезбеди продолжување на санкциите кои истекуваат кон крајот на јануари, кога Трамп влегува во Белата куќа.
– Се наоѓаме во критична ситуација. Мора да обезбедиме дека ЕУ останува на санкиите, додека новиот претседател сака да ги укине, велат германските претставници за Ројтерс.
Европските лидери стравуваат дека Русија ќе го искористи времето до инаугурацијата на Трамп да преземе нови напади во Сирија и Украина.




