Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските синдикати бараат „праг на достоинство“ за платите под кој не смее да се оди

0
By Mirjana on August 3, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 28 проценти од Европјаните не можат да си дозволат ниту една недела одмор надвор од нивното место на живеење, а тој број се искачува на дури 60 проценти во групата работници кои живеат под линија на сиромаштија,а во која Хрватска е на трето место зад Грција и Романија, стои во штотуку објавената Студија на Конфедерацијата на Европските Синдикати (CES).

Најмногу работници, чии приходи се под прагот на сиромаштија, или помалку од 60 проценти од просечната плата,се во Грција, каде 88,9 проценти не можат да заминат на одмор, посочува Европската конфедерација. Потоа следуваат Романија со 86,8 проценти и Хрватска со 84,7 проценти. Потоа следуваат Кипар со 79,2 проценти и Словачка со 76,1 проценти. Нееднаквостите меѓу најсиромашните работници и оние на одмор се зголемија во текот на изминатата деценија во 16 земји -членки, додава Конфедерацијата на Европските синдикати, потпирајќи се на податоците на Евростат.

Најголеми разлики има во Хрватска, Грција, Бугарија.

-Најголемите разлики во можноста за одмор помеѓу работниците со примања под просечната плата и другите работници се во Хрватска, Грција, Бугарија, Чешка, Франција и Романија.Зголемувањето на раслојувањето покажува дека придобивките од економскиот раст во Европа во изминатата деценија сепак не се рамномерно распределени, коментира помошникот генерален секретар на CES, Естер Линч.

CES работи на подобрување на предлогот за европска директива со која треба да се зголеми минималната плата во ЕУ, а Европскиот парламент ќе расправа по летната пауза. Синдикалната конфедерација се залага за воведување на праг на достоинство што ќе гарантира дека законската минимална плата не може да биде помала од 60 проценти од просечната плата, или помалку од 50 проценти од просечната плата во која било земја – членка. Во моментов, во 17 земји -членки на ЕУ, минималната законски загарантирана плата е помала од 60 проценти од националната просечна плата, посочува ЦЕС.

Предлогот за европска директива утврдува обврзувачки правила за 21 земја од ЕУ со минимална плата за да го поттикне нејзиниот раст, но не поставува единствен минимален европски праг. Предлогот не обврзува воведување минимална плата само во шест земји кои сеуште немаат законски дефинирана минимална плата, туку ја одредуваат преку колективни договори како што се Австрија, Кипар, Данска, Финска, Италија и Шведска. CES претставува 45 милиони членови на 89 национални синдикати во 39 европски земји и десет европски синдикални федерации.

 

Европски плата синдикати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.