Минималната плата во 13 од 21 земја-членка на Европската Унија (ЕУ), колку што законски ја имаат пропишано, во јануари изнесува помалку од 1.000 евра, во две нешто над 1.000 евра, во шест е над 1.500 евра, а разликата меѓу најниската и највисоката минимална плата е повеќе од седум пати, соопшти денеска Евростат.

Најниска минимална плата имаат Бугарите од 332 евра, а во Луксембург е највисока – 2.257 евра. Во Хрватска минималната плата е 624 евра.

По Бугарија следуваат Летонија со 500 евра, Романија со 515, Унгарија со 542, Хрватска со 624, Словачка со 646, Чешка со 652, Естонија со 654, Полска со 655, Литванија со 730, Грција со 774, Малта со 792 и Португалија со 823 евра.

Словенија има минималец од 1.074 евра, Шпанија – 1.126 евра, а шест земји имаат повеќе од 1.500 евра: Франција – 1.603, Германија – 1.621, Белгија – 1.658, Холандија – 1.725, Ирска – 1.775 и Луксембург – 2.257 евра.

Резултатите се малку поинакви кога минималната плата се мери според стандардот за куповна моќ. Според тоа, Бугарија и понатаму има минимална плата од 604 евра, а Луксембург 1.707 евра, па разликата е нешто помала од три пати.

Според стандардот за куповна моќ, минималната плата во Хрватска е нешто помала од 900 евра, а потоа следат Грција, Унгарија, Чешка, Естонија, Словачка, Латвија и Бугарија.

Малта, Португалија и Романија се меѓу земјите со минимална плата помала од 1.000 евра според стандардот за куповна моќ. Останатите осум земји имаат до 1.500 евра, Германија има нешто повеќе од 1.500, а Луксембург 1.707 евра.

Шест земји немаат законска минимална плата, но таа е одредена со колективни договори. Тоа се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.