Најмногу мед во Европската унија се увезува од Кина, покажуваат податоците на Евростат. Од таа земја, во 2018 година, биле увезени 80.000 тони мед што претставува 39 отсто од вкупниот увоз на мед од земји што не се членки на ЕУ.
По Кинезите, Европејците трошат најголема количина на мед од Украина (41.000 тони) што е 20 отсто од вкупниот увоз на производот. Трета на листата е Аргентина од каде се увезени 25.000 тони мед или 12 отсто од вкупното количество на увоз, а потоа следуваат Мексико со 21.000 тони (10 отсто од вкупниот увоз) и Чиле со 8.000 тони (четири отсто од вкупниот увоз).