Published: Thursday, April 30, 2015 11:03
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ вели очекува нејзината земја да го воведе еврото како национална валута до 2020 година.
Според претседателката, воведувањето на еврото во наредните пет години е од особена важност за хрватската економија.
Според неа, исто така, подготовката на хрватската економија за решавачки предизвици, вклучувајќи и усвојување на единствената европска валута, бара зајакнатата соработка помеѓу работниците и работодавачите, но исто така и со инвеститорите.




