Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровски изјави дека евро-зоната во следните години нема да се проширува, односно нема да се примаат нови членки.
Домбровски кој е европски комесар задолжен за еврото, ова го изјава за германскиот весник Велт, потсетувајќи дека пред некоја земја да го усвои еврото, мора да се фиксира курсот по кој домашната валута ќе с еменува за еврото.
– Тој механизам е всушност чекалница во зоната на еврото. Во овој момент ниту една членка не се наоѓа во неа, освен Данска, која е посебен случај, вели Домбровски.
Тој вели дека евро-зоната во последно време е се помалку привлечна за земјите членки, поради кризата со еврото и кризата во Грција.
Меѓу деветте земји членки на ЕУ кои не се во евро-зонта се и Британија и Шведска кои никогаш не изразиле намера да ја воведат единствената валута.




