Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ф1 трка за ГН на Шпанија: Нова еден-два победа на Мерцедес, нов подиум без Ферари

0
By Нова ТВ on May 12, 2019 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пилотите на Мерцедес продолжуваат со „тероризирање“ на конкуренцијата во Формула 1 шампионатот во оваа сезона. Хамилтон и Ботас слават нова еден-два победа, овојпат за ГН на Шпанија по која на највисокото место на подиум со искачи Британецот.

Бранителот на титулата славеше во поприлично еднолична трка што мина без претерани возбудувања и претекнувања. Хамилтон стартуваше од втората позиција, но веќе на првиот свиок го претекна Ботас што го стори и Макс Ферстапен во борбата со Себастијан Фетел.

Ферари одново се мачеше во текот на целата трка и неговите возачи останаа без подиум крај Барселона. Меѓутоа она што дополнително го оптоварува тимот од Маранело е петтиот двоен триумф на најголемиот ривал во сезоната што претставува најдобар вовед на една екипа во историјата на октанскиот циркус.

На патеката „Каталуња“ за првпат видовме и безбедносно возило во 2019 година. Излезе на 15 кругови до крајот по инцидентот во кој учествуваа Ленс Строл и Ландо Норис, но ништо не смени во поглед на пласманот на најдобрите.

Хамилтон забележа и најбрз круг и до третата победа во сезоната стигна за 1:35:50.443 часа. Нешто повеќе од четири секунди по него низ целта мина Валтери Ботас, трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул.

Британецот го презеде водството во генералниот пласман со 112 бода, седум повеќе од клупскиот колега од Финска. По нив е Ферстапен со 66 бода.

Наредна станица во Формула 1 сезоната е Монако и ГН на Монте Карло на 26 мај.

Резултати од трката за ГН на Шпанија

Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:35:50.443 часа

Валтери Ботас (Мерцедес) +4.074 сек.

Макс Ферстапен (Ред Бул Рејсинг Хонда) +7.679 сек.

Себастијан Фетел (Ферари) +9.167 сек.

Шарл Леклер (Ферари) +13.361 сек.

Пјер Гасли (Ред Бул Рејсинг Хонда) +19.576 сек.

Кевин Магнусен (Хас Ферари) +28.159 сек.

Карлос Сајнц (Мекларен Рено) +32.342 сек.

Данил Квјат (Скудерија Торо Росо Хонда) +33.056 сек.

Роман Грожан (Хас Ферари) +34.641 сек., итн.

Генерален пласман на возачи

Луис Хамилтон (В. Британија) 112 бода

Валтери Ботас (Финска) 105

Макс Ферстапен (Холандија) 66

Себастијан Фетел (Германија) 64

Шарл Леклер (Монако) 57

Пјер Гасли (Франција) 21

Кевин Магнусен (Данска) 14

Серхио Перез (Мексико) 13

Кими Раиконен (Финска) 13

Ландо Норис (В. Британија) 12, итн.

Генерален плассман на конструктори

Мерцедес 217 бода

Ферери 121

Ред Бул Рејсинг Хонда 87

Мекларен Рено 22

Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес 17

Хас Ферари 15

Алфа Ромео Рејсинг Ферари 13

Рено 12

Скудерија Торо Росо Хонда 6

Вилијамс Мерцедес 0.

ГН на Шпанија Луис Хамилтон Мерцедес Ферари Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.