Славен Билиќ и неговиот асистент во стручниот штан на Вест Хем, Никола Јурчевиќ се казнети по 8.000 фунти од Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија поради недолично однесување за време на натпреварот со ВБА.
Саботната премирлигашка пресметка заврши без победник. Екипата од Бирмингам израмни во судиското продолжение, па губењето на два бода во самиот финиш го извади од такт поранешниот хрватски селектор кој фрли еден од микрофоните што стојат крај теренот. За непримерното однесување Билиќ беше испратен на трибина од главниот судија Мајкл Оливер. Сонародникот Јурчевиќ, пак, доби црвен картон уште во 19 минута бидејќи го напушти тренерскиот простор покрај клупата со резервни играчи.
И Билиќ и Јурчевиќ ги прифатија обвинувањата со цел да избегнат поостри казни од ФА. Двајцата, сепак, ќе го водат Вест Хем на гостувањето против Вотфорд на 25 февруари.