Галопира кон титула: Ливерпул му пресуди и на Манчестер Ј. (Видео)

Вирџил ван Дајк во 15. минута и Мохамед Салах во третата од судиското екстра време беа творци на 21 триумф на Ливерпул кој досега собра 64 бода од можни 66, а допрва треба да го одигра и одложениот натпревар со Весте Хем. За тимот на Манчестер јунајтед, пак, ова беше седми пораз во тековниот шампионат по кој е петти на табелата со 34 бода

Вотфорд како да стоеше на „Етихад“: Осум гола на Манчестер С., рекордни пет за 19 минути (Видео)

Хет-трик прослави Бернардо Силва во 15. минута, во 48. минута и во 60. минута, по еднаш во листата на стрелци се впишаа и Давид Силва (1’), Серхио Агеро (7’ од пенал), Ријад Марез (12’), Никола Отаменди (18’) и Кевин де Брујне (85’)

Ноќна мора за Челзи и за Лампард на „Олд Трафорд“: Манчестер Ј. ги „помодри“ „сините“ (Видео)

„Црвените ѓаволи“ славеа со 4:0 во дерби пресметката на воведното премиерлигашко коло во новата сезона и испратија силна порака дека максимално ќе казнуваат од секоја укажана прилика без разлика дали ќе доминираат во статистичките категории или не. Два гола постигна Маркус Рашфорд, по еднаш во листата нан стрелци се запишаа Антони Марсијал и Даниел Џејмс

Моќен вовед на европскиот првак во Премиерлигата: Ливерпул го прегази Норич (Видео)

Европскиот шампион постигна четири гола до паузата, во второто го намали притисокот и апсолутно заслужено славеше со 4:1 над ривалот од истокот на Англија како одлична увертира пред УЕФА Суперкуп дуелот против Челзи во среда во Истанбул

Манчестер С. старо-нов првак во Премиерлигата: За Гвардиола е најтешка титула, за Компани најдрага

„Граѓаните“ во последното коло, со пресврт, го совладаа Брајтон со 4:1 и ја задржаа предноста од еден бод на врвот на табелата пред Ливерпул чии фудбалери триумфираа над Вулверхемптон со 2:0

Премиерлига: Сити ја доби битката за Манчестер, ЛШ се подалеку за Арсенал

„Граѓаните“ го поразија Јунајтед пред 75.000 гледачи на „Олд Трафорд“ со 2:0 и се вратија на чело на табелата со бод повеќе од Ливерпул на три кола до крај на сезоната. Вулверхемптон, пак, ги порази „топчиите“ со 3Ч1 и ги запре во напредокот кон зоната што води во Лигата на шампиони за наредната сезона

Најбрз гол во Премиерлигата: Шеј Лонг погоди во шестата секунда (Видео)

Фудбалерот на Саутемптон погоди во шестата секунда во мечот со Вотфорд за место во историјата на елитното англиско фудбалско друштво и тешко е веројатно дека некој ќе може да го потисне. Досегашен сопственик на најбрзиот гол во Премиерлигата беше Ледли Кинг кој се запиша во листата на стрелци за 9,82 секунди

Клоп со поддршка за Хендерсон: Да се менува Џерард е најтешка фудбалска работа во последните 500 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со поддршка за капитенот на тимот Џордан Хендерсон по неговата одлична партија во триумфот над Саутемптон со 3:1 на стадионот „Сент...

Премиерлига: Тотенхем со автогол во 90. минута го врати Ливерпул на врвот на табелата

Тоби Алдервејрелд ја смести топката во сопствената мрежа на што кумуваше и Уго Лори со лошата интервенција во финишот на средбата за триумф на „црвените“ на „Енфилд роуд“ со 2:1 кои сега имаат два бода повеќе од Манчестер сити, но и меч повеќе

Солскјер по поразот од Арсенал: Има мечеви што незаслужено ги добивате, но и незаслужено ги губите

„Топчиите“ славеа на „Емирати“ со 2:0 со головите на Гранит Џака и на Пјер Емерик Обамејанг. Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ смета дека може да биде присутно незадоволство од резултатот, но никако од играта