Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФАО со 1,5 милиони долари ќе финансира четири проекти во Македонија

0
By Нова ТВ on December 4, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 4, 2018 15:05

Итни мерки за справување со „африканска свинска чума“ на Балканот, Поддршка за подобрување на националниот надзор на штетници кај растенија и системот за фито-санитарна сертификација, Подобрена методологија за собирање податоци за одржливо управување со рибни ресурси во Западен Балкан и Стратегии за намалување на загуби и отпад од храна, се четирите регионални проекти што денеска ќе ги промовира Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) на заедничка прес-конференција со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информираат од Канцеларијата на ФАО, станува збор за проекти вредни вкупно 1,5 милион американски долари.

Еден од проектите ќе треба да ги идентификува загубите на храна кои во Македонија годинава достигнале 80 отсто, додека 460 илјади граѓани се соочуваат со сиромаштија и проблем да обезбедат јадење.

Од вкупното производство на храна, Македонија може да извезува 87 отсто, а со 13 отсто може да ги задоволи домашните потреби, но нема доволно преработувачки капацитети, слаб е пристапот до странски пазари, а се поизразени се и климатските промени, беше истакнато на денешната прес-конференција.

Зависно од типот на проектот, времетраењето на активностите е различно, а вклучени ќе бидат Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија, Ерменија, Белорусија, Грузија, Молдавија, Украина.

На прес-конференцијата ќе се обратат министерот Љупчо Николовски и Гордана Кожухарова, ФАО Програмски специјалист и одговорно лице за програмата на ФАО во Република Македонија, Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија.

проекти ФАО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.