Најголемиот заговорник за Брегзит, лидерот на Британската независна партија (УКИП) Најџел Фараж поднесе оставка на претседателското место во партијата.
На прес конференција тој изјави дека ја завршил својата работа, додавајќи дека никогаш не сакал да биде политичар од кариера и дека неговата цел била да ја изнесе Британија од ЕУ.
– Иако имаше тешки моменти, дефинитвно вредеше да се борам. Чувствувам дека е вистински момент да се повлечам од функцијата претседател на УКИП, изјави Фараж, додавајќи дека сака од овој момент да си го врати животот назад.
На крајот истакна дека е уверен дека Британија же ја напушти ЕУ и дека на премиерското место ќе дојде некој што ќе биде од редовите на оние што се залагаа за Брегзит.
Ова е втор политичар во Британија, заговарач на Брегзит кој се повлекува од политичката сцена за кратко време.
Минатат недела Борис Џонсон, поранешниот градоначалник на Лондон и еден од главните промотори на Брегзит, денеска соопшти дека тој нема да се кандидира за лидер на Конзервативната партија на Британија.




