Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фатиме Фетаи од Порто уште еднаш се правда дека не прекршила кодекси

0
By НОВА ТВ Balaban on March 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 29, 2022 11:54
„Уплатниците кои ги приложив во текот на вчерашниот ден се за уплати по претходно издадени фактури и уптатите се извршени во рамки на рокот даден во фактурите“, објаснува Фетаи
Вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, е децидна дека не го прекршила Етичкиот кодекс на обвинителите, ниту закони, со нејзиното патување во Палермо, Италија. За тоа зошто уплатата кон туристичката агенција за сместувањето е направена вчера, односно пет дена по патувањето, Фетаи за „А1он“ посочи дека истото е во рамки на рокот даден во фактурата. Моментално, Фетаи е во Португалија. И сега ќе ја бодри македонската репрезентација, а од Обвинителството за „А1он“ посочија дека таа побарала и добила користење на одмор.
„Уплатниците кои ги приложив во текот на вчерашниот ден се за уплати по претходно издадени фактури и уплатите се извршени во рамки на рокот даден во фактурите. Впрочем, за разлика од другите функционери (судии, претседатели на судови, сегашни и поранешни функционери, роднини на функционери) кои патувале порано на вакви натпревари, а кои патуваа и за Палермо, доставив доказ за уплата. Како што се изјаснив и вчера, дополнителни податоци, прашања, појаснувања, ќе дадам доколку некоја од државните институции го смета тоа за потребно, бидејќи има соодветни процедури, кои секако не се водат во посредство на медиумите, туку со непосредна лична или писмена комуникација, а преку нив се одлучува за евентуални прекршувања на закони, кодекси или слично, кои во случајов ги нема“, посочи Фетаи за „А1он“.
За нејзиното навивање од ВИП трибината заедно со министерот Тупанчески, Фетаи за „А1он“ посочува: „На трибини навивам од срце, без оглед дали ќе бидам во ВИП или обичниот дел, а сум била и ќе бидам и во двата дела“. ПС. Во 90-те минути се навива и со оние кои седат до вас, единствено за што може да се зборува за посед на топка, борбеност на играчите, се коментираат фаули, а не за работа“.
Обвинителката и вечерва ќе ја бодри Македонија. Таа смета дека изминатите денови требало максимално медиумскиот простор да биде отстапен за фудбалерите и историската победа над Италија.
„Уште еднаш им посакувам многу среќа за денешниот натпревар со Португалија, на оние што во моментот ја испишуваат „Најдобрата приказна за Македонија“, а тоа се избраниците на Милевски“, додава Фетаи.
Во текот на вчерашниот ден, Фетаи достави уплатница за платен аранжман за Палермо, Италија од која се гледа дека од нејзина трансакциска сметка го платила сместувањето. Чартер летот го организираше и плати Фудбалската репрезентација на Македонија. Неофицијалните информации говорат дека и картите за на трибините биле гратис за Фетаи, министерот за правда Тупанчески и судскиот преседател Лазар Нанев.
Порто се правда Фатиме Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.