Николас Круз, кој е обвинет за 17 точки од обвинението за умислено убиство, наводно минатата година на видео на „Јутјуб“ оставил коментар: „Ќе станам професионален пукач во училишта“ – пренесува „BBC“.
Еден корисник на „Јутјуб“ ги предупредил властите за постот преку телефонски разговор.
Наставниците биле исто така предупредени за Круз, кому му било забрането да влегува во кампусот со ранец, велат американските медиуми.
ФБИ рече дека го истражувале коментарот на Јутјуб, но не можеле целосно да го идентификуваат лицето што го објавило.
Седумнаесет лица беа убиени, а многу други се ранети во нападот во средното училиште „Маџори Стонман Даглас“ во Паркленд, Флорида. Неколку луѓе се во критична состојба.
Ова е најсмртоносното пукање во американско училиште од 2012 година.
Изразувајќи сочувство, денеска американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да го посети Паркленд.
Судија од Флорида нареди напаѓачот Николас Круз да биде задржан во притвор без право на кауција.
Круз се појави на судско сослушување во портокалова облека со лисици на рацете зад грбот. Неговата адвокатка рече дека нема да поднесе жалба на одлуката на судот.




