ФБИ го уапси 20-годишниот Кристофер Ли Корнел кој бил на радарот на Бирото веќе неколку месеци. Според ФБИ, тој испраќал неколку пораки преку социјалните мрежи кои биле закана за безбедноста на државата, пишуваат американските медиуми.
Властите велат Корнел, кој на Твитер објавувал под името Рахил Марус Убајда подолго време работел на креирање мрежа. Шемата била иста како нападите кои беа изведени во Париз врз канцелариите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, а целта била U.S Capitol.
Планот бил да се постават импровизирани експлозивни направи како вработените би испаничиле, а потоа да се пука кон нив со автоматска пушка.
Тој плановите ги креирал со уште еден негов партнер, кој всушност соработувал со ФБИ како би го исчистил своето криминално досие.
Кон крајот на август, тој му пишал порака во која порачува дека тие двајца треба да извршат напади во името на Исламската држава.
Според информациите од соработникот на ФБИ, Корнел рекол дека тој контактирал со луѓе од надвор, и дека тој е поврзан со ИСИС.
– Мислам дека треба да составиме наша сопствена група која ќе соработува со Исламската држава овде, а операциите ќе ги спроведеме сами, била пораката на Кристофер Ли Корнел.
Корнел е обвинет за обид за убиство на лице на американската влада, и поседување на оружје со кое се планирало кривично насилство.




