Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Федерален суд го отфрли указот на Трамп кој не им дозволува засолниште на мигрантите

0
By Нова ТВ on November 22, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 22, 2018 17:28

Федерален суд од Сан Франциско синоќа го призна за незаконски указот на претседателот Доналд Трамп со кој им се откажува помош на мигрантите од Јужна Америка.

Судот во основа ги поддржа граѓанските активисти кои се едногласни дека Трамп ги нарушува човековите права.

Указот на претседателот, блокиран од судот во Сан Франциско, предвидуваше забрана за давање помош и засолниште на нелегалните мигранти кои пристигнуваат во земјата преку границата со Мексико.

Од своја страна, Белата куќа вети дека одлуката на судот ќе ја даде на апелација во Врховниот суд на САД. Трамп изјави дека указот со кој се заоструваат миграциските правила пред се е потпишан поради повеќе илјадниот караван со мигранти од Јужна Америка кои сакаат да ја поминат граница и да побараат засолниште во САД.

Според американското Министерство за национална безбедност, на јужната граница на САД во моментот се наоѓаат околу шест илјади мигранти кои се надеваат да преминат на американска територија.

Многумина од нив се од Хондурас, Гватемала или Ел Салвадор и до граничниот пункт пристигнале по повеќе од еден месец пешачење. Изјавуваат дека тоа го сториле поради страв од прогон, насилство и сиромаштија во своите земји.

Указот на Трамп предвидува мигрантите дека мора да ја преминат границата на строго определни гранични точки, во спротивно нема да им биде дозволено да останат на територијата на САД.

На ова се спротивставија граѓанските активисти, како оние од Американскиот сојуз за заштита на граѓански слободи. Во своето обраќање до судот тие побараа мерките на Белата куќа да се признаат како „нарушување на човековите права“.

-Ние не ги охрабруваме да дојдат во земјата поминувајќи ги миграциските пунктови, но согласно решенијата на Конгресот дури и во такви случаи не треба да им се откаже давање помош и засолниште, изјави адвокатот Ли Гелернт.

Судијата Џон Тигар во својата одлука вели дека право да побараат азил имаат сите странци кои пристигнале во САД.

-Какви и да се надлежностите на претседателот, тој не може да ги прецртува законите за миграција, внесувајќи во нив измени против кои се изнесе Конгресот, посочи Тигер.

Еден од клучните аргументи на Трамп и неговата админстрација е во тоа што многу од мигрантите кои пристигаат на јужната граница наводно се криминалци.

За контрола на ситуацијата во октомври беше активирана операцијата „Вистински патриот“ во чии рамки на границата со Мексико беа распоредени речиси шест илјади војници. Сепак неделава американската армија донесе решение за повлекување на војската кое треба да заврши до 15 декември, дозна порталот „Политико“.

Си-Ен-Ен синоќа цитираше извештај на Пентагон во кој се вели дека трошоците за разместување и поддршка на војниците и воената техника на границата со Мексико до 15 декември ќе чини вкупно 210 милиони долари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.