Сојузниот судија од Менхетн, Наоми Рajс Бухвалд, вчера предложи претседателот Доналд Трамп да ги одблокира сите оние кои го критикувале на Твитер и наместо тоа да ја искористи опцијата за замолчување (mute), при што нема да ги чита нивните критички коментари.
Судијката ова го предложи како спогодбено решение за тужбата поднесена во јули од Институтот при Универзитетот Колумбија, дека Трамп го крши првиот амандамн од американскиот Устав со тоа што на неговиот Твитер профил блокрал седуммина кои ја критикувале неговата политика.
Белата куќа, во одбрана на претседателот рече дека тоа е личен профил на Трамп, а не јавен форум со кој од него би се барало да дозволи да се слушнат сите мислења.
Судијката Бухвалд ги предупреди адвокатите дека доколку не се согласат на спогодбата, ризикуваат да се соочат со одлука која, нема да им се допадне и најави дека таа ќе биде донесена многу брзо.




