Published: Friday, May 26, 2017 11:07
Федералниот апелациски суд на САД донесе одлука да ја продолжи блокадата на извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за забраната за влез во оваа земја на граѓаните од земји со муслиманско мнозинство.
Суд со седиште во Ричмонд, во сојузната држава Вирџинија синоќа соопшти дека „не е убеден“ дека дел од мерките за посочување на граѓаните од специфичните земји (Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен) ја има за цел безбедноста на земјата, туку оддржување на предизборното ветување на Трамп.
Според медиумите случајот највереројатно ќе заврши со жалба пред американскиот Врховен суд.




