Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук без дозвола преземал податоци за имејл адреси од корисниците

0
By Нова ТВ on April 18, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 18, 2019 15:18

Социјалната мрежа Фејсбук призна дека без знаење на корисниците преземала податоци за адресите од нивната електронската пошта, јави Си-Ен-Ен, додавајќи дека жртви на ова преземање на контакти без дозвола биле околу 1,5 милиони лица.

Фејсбук тврди дека по промената на дизајнот на социјалната мрежа, листите со контакти од имејл адресите „ненамерно“ биле пренесени на неговиот сервер.

Социјалната мрежа информира дека веќе почнала да ги брише вака преземените контакти.

Фејсбук објаснува дека „проблемот“ настанал со промената на креирање на корисничките налози. Пред промените, корисниците по сопствен избор можеа да изберат да ја префрлат листата со контакти на Фејсбук, со цел полесно пронаоѓање на своите пријатели.

Но, од мај 2016 година до корисниците веќе не доаѓа известување дека може да ги преземат контактите, па во некои случаи тие автоматски биле префрлани над Фејсбук без дозвола или знаење на корисниците.

Претставник на Фејсбук изјави дека социјалната мрежа до пред некој ден воопшто не знаела за овој пропуст, по што престанала да ја нуди опцијата за проверка на лозинката преку електронска пошта при регистрирањето на корисниците.

– Кога ги прегледувавме чекорите што ги минуваат корисниците за да го потврдат својот налог, откриевме дека во некои случаи при отворањето на корисничкиот налог, на Фејсбук случајно се пренесени контактите од електронската пошта, изјави претставникот на социјалната мрежа.

Тој тврди дека „листите со контакти што по грешка се пренесени“ на Фејсбук, „не биле споделувани со никого надвор“ од социјалната мрежа.

Ова е последен во низата инциденти со нарушување на приватноста од страна на Фејсбук, кој има над две милијарди корисници ширум целиот свет. Еден од поголемите скандали во кој беше вклучен Фејсбук беше случајот со преземање на податоци на корисниците на социјалната мрежа од страна на аналитичката компанија „Кембриџ Аналитика“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.