Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук идентитет

0
By Marija Todorovska on April 28, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 28, 2025 11:56
И за разлика од анти-бугарскиот наратив, кој е насочен кон “Бугарија и Бугарите”, но не и кон културното наследство во историскиот и географскиот регион на Македонија во Бугарија; анти-грчкиот наратив е насочен кон културното наследство во историскиот и географскиот регион на Македонија во Грција, но не и кон Грција и Грците. Па, како тоа старите антички градови Амфипол и Пела во Грција се “ наши”, ама Хераклеја Синтика во Бугарија не е “наша”? Кој тоа има потреба преку злоупотреба на историјата, во наше име, да стигне до славното античко наследство, до Солун и морето? Ние, после Преспанскиот договор, прилично лесно, а и прилично често стигаме.

Никица Корубин
Во сериозен недостаток на артикулирани, научни, меѓународно верификувани и “базирани на факти” дела за “идентитетот” – историја, археологија, етнологија, историја на уметност, класична филологија – во нашиот простор (медиумски и интернет), доминира пропагандна, тенденциозно-површна и траги-комична верзија на истиот. Тренд, кој е јасно видлив, последнава година, веќе добива димензии на добра (“ботовска”) организираност, каде таргет се, повторно после подолго време, грчки наменски портали, профили и страни од областа на археологијата и историјата.
Тоа, што улога на “ботови” превземале и поранешни високи функционери на национални установи од областа на културата, кои по самата суштина треба да се “браната” за пропагандата и квази-науката; а не нејзина перјаница; е совршен показател во каква брутална алатка е претворен македонскиот етнички идентитет, и кој го претвора. На трајна штета на нас Македонците. И последователно, на штета на целото општество и самата држава.
Па, “комедијата” во која се претвора македонскиот идентитет, со добро (о)бесмислени толкувања на историските факти, кои масовно се шират како “вистина”, суштински го оневозможуваат одржувањето на националниот идентитет, кој во себе вклучува и други етнички идентитети – албански на пример. И на тој начин ја таргетира одржливоста и безбедноста на општеството. Преку, смислениот хаос и заблуда, за тоа што е “идентитет” се проблематизира и што е тоа “македонски идентитет”.
Враќањето на дискредитацијата на Преспанскиот договор, и членот 7 од истиот, преку “фејсбук ре-освојувањето и присвојувањето” на античката историја, со масовно споделување на однапред подготвени компилации на пропагандно “толкување” и извитоперување на фактите, во неколку добро познати варијанти; има двојна намена.
Да ја замагли суштината и важноста на членот 7, како политичка легитимација, покрај постоечката историска за термините “Македонија” и “македонски” во контекст на античкото наследство; и да ги компромитира современите Македонци во очите на регионалната, европска и светска јавност. Срамот од читањето на сите небулози е несразмерно помал, во однос на сликата која се гради за сите нас, во отсуство на други наши артикулирани форми на делување.
И овој “фејсбук идентитет” од една страна е непостоечки, но е проследен со многу реално уништување и негрижа за културното наследство – а, од друга страна е единствено подобен и потребен. Но, кому? На Македонците сигурно не, а особено не во ваква жестока авто-деструктивна и мазохистичка форма против сопствените интереси. Но, преку Македонците, на други, сигурно да.
И за разлика од анти-бугарскиот наратив, кој е насочен кон “Бугарија и Бугарите”, но не и кон културното наследство во историскиот и географскиот регион на Македонија во Бугарија; анти-грчкиот наратив е насочен кон културното наследство во историскиот и географскиот регион на Македонија во Грција, но не и кон Грција и Грците. Па, како тоа старите антички градови Амфипол и Пела во Грција се “ наши”, ама Хераклеја Синтика во Бугарија не е “наша”? Кој тоа има потреба преку злоупотреба на историјата, во наше име, да стигне до славното античко наследство, до Солун и морето? Ние, после Преспанскиот договор, прилично лесно, а и прилично често стигаме.
И затоа не е за изненадување “грижата” за сите Македонци во соседството – освен за Македонците во Северна Македонија. Излегува дека Македонците во Северна Македонија се граѓани од “четврти ред” во сопствената држава, според грижата од македонските власти – “нашинците од Бугарија”, па “нашинците од Грција”, па “нашинците од Албанија” – “нашинците од Србија” изгледа не постојат – па, дури тогаш ние. Условена грижа. Според прифаќањето на подобната верзија на идентитетот, на сметка на вистинскиот, и идентитет и интерес.
Па, кој е интересот за нас “четврто-рангираните” Македонци? Да бидеме накарадната и траги-комична верзија на “фејсбук идентитетот” за потсмев на сите? Да бидеме “вечните жртви” кои не знаат што се? Да бидеме делница од патот до Солун, егејското море и античкото наследство за “српскиот свет”, со попатни станици во нашите цркви и манастири? Да бидеме во конфликт со Бугарите, поради култоролошката и цивилизациска блискост и “нечиј страв” од историското ВМРО? Да бидеме без нашите најголеми сојузници и заштитници, на современата држава, Албанците?
Реалноста и вистината ќе не’ демантираат сите. Монструозноста на пропагандата на која сме изложени 34 години независност, може да го замати расудувањето, но не и да го избрише. И затоа е клучно, да се запрашаме: не “кој сме”, туку “кој е нашиот интерес”? И како Македонци и како Албанци и како граѓани? И каде не’ води “фејсбук идентитетот”, а каде грижата за интересот на сите граѓани, општеството и државата. Државата Северна Македонија, која го има и историскиот континуитет, базиран на факти, култура и цивилизација; а ја има и иднината. Ова е заедничкиот интерес на сите. И зарем некому треба да се правдаме, за ова?
Од Фејсбук ѕидот на авторката 
Бугарија Грција културно наследство Никица Корубин фејсбук идентитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.