Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи во Формула 1 трката за Големата на награда на Шпанија што попладнево се возеше на патеката Каталуња. За актуелниот Ф1 шампион ова е трет триумф во низа, вкупно 24 во кариерата.

На второто место заврши неговиот клупски колега Серхио Перез, а на победничкиот подиум се искачи и пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел.

Карлос Сајнц од Ферари мина низ целта како четврти во поредокот, пред седумкратниот шампион, Луис Хамилтон и Валтери Ботас од тимот на Алфа Ромео.

Бодови во Шпанија осовија и Естебан Окон, Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Јуки Цунода.

Ферстапен го презеде врвот во генералниот пласман со 110 бода, втор е Леклер со 104, а трет е Перез со 85.

Наредната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози за една недела за Големата награда на Монако.