Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фестивал „МакеДокс“: Вечерва промоција на 4 македонски документарни филмови

0
By Нова ТВ on June 25, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2015 16:37

Во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), денеска во 19 часот, ќе се одржи проекцијата на 4 македонски документарни филмови: „Живот во движење“ на Игор Христов, „Бродот што никогаш не поминал“ на Александар Спасоски, „На точак“ на Горјан Атанасов и документарниот филм за студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје со наслов „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓоргиева.

Документарниот филм „Зелени ѕидови, црна храна“, во режија и монтажа на Сандра Ѓоргиева, е приказна за секојдневието на студентите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, Р. Македонија, студентски дом кој во минатото важел за елитно место за живеење.

Филмот ги носи личните приказни и мислења на студентите, нивната борба за адаптација и изборот помеѓу храброста и стравот во една таква средина, а најтрагично е што студентите кои живеат таму молчат, се плашат и не се борат за своите права.

Филмот „Живот во движење“ на Игор Христов следи шест различни жонглери кои своето шоу го прават на семафорите во Санта Круз, главниот град на островот Тенерифе.

Овие уметници успеваат да најдат простор за изразување на едно нестандардно место, како што е центарот на улицата. Со својот перформанс тие ја прескокнуваат бариерата на капитализмот и во исто време ги развеселуваат луѓето наоколу.

Краткиот документарен филм „На точак“ на Горјан Атанасов ги открива моќта на велосипедот, проблемите на велосипедистите во Скопје и нивната борба за права и простор слободно да возат низ градот преку ненасилни активности и организирање на акцијата „Критична маса“.

Новото филмско остварување на аудиовизуелниот автор Александар Спасоски е со наслов „Бродот што никогаш не поминал“. Александар Спасоски ликовен автор и видео автор кој дипломира во Минхен 2008 нови медиуми и познат е како видео автор, композитор и ликовен уметник.

По номинацијата во Оберхаузен, на познатиот филмски фестивал во Германија во 2008 година, со видеото „Воајер“, Спасоски повторно во ова видео остварување, како и во „Воајер“, се занимава со феноменот на имагинативната реалност, егзистенцијализмот и односот на ликовниот автор визави елитизмот како бирократски систем кој авторската иницијатива ја игнорира поради силната западна бирократија во Германија. Но, воедно, и прави одлична паралела со нашиот локален систем на создавање нов град и нова историска имагинација.
„Бродот што никогаш не поминал“ е документарен ’мејкинг оф..‘ од она што Александар го поставил како звучна инсталација во 2012 во Скопје и во 2013 во Минхен.

Произведувајќи звук на бродска сирена на место каде што не се одвива воден сообраќај, тој сака да ја поттикне имагинацијата на публиката, која преку звучниот стимул ќе си визуелизира брод што поминува, но и да види како звукот ќе влијае врз оние кои се подалеку од реката.

Филмот е единствениот опиплив документ од ова еднодневно искуство кој на хумористичен начин го прикажува развивањето на проектот, тешкотиите со кои се соочил уметникот барајќи дозволи од институциите во Баварија и техничките предизвици при изградбата на конструкцијата. Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија.

Филмската програма можете да ја следите на фестивалскиот веб-сајт http://makedox.mk/, на Фејсбук и Твитер, додека видеохрониките можете да ги следите на You Tube – Make Dox.

Шестото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ се одржува од 20 до 26 јуни 2015 година, во Куршумли-ан и во Младинскиот културен центар во Скопје.

Фестивалот „МакеДокс“ и Патувачкото кино се поддржани од Националната фондација за демократија од Вашингтон, Агенцијата за филм на РМ и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.