Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фетаи за Титаник 3: Обвинетите сакале да фалсификуваат избори за моќ

1
By Нова ТВ on May 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со воведното излагање на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи денеска во Кривичниот суд Скопје почна судењето во предметот „Титаник 3“, во кој на обвинителната клупа се наоѓаат Ејуп Аљуми и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“ .

-Двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат. Тие имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ, истакна обвинителката Фетаи на почетокот од воведните зборови.

Двајцата, според неа, извршиле брутално насилство врз изборните бројки, согласно сопствените политички потреби. Незадоволни од вистинскиот изборен резултат тие формирале група за дејствување, односно имале цел генерираат поволен изборен резултат. Со закана успеале да го скршат отпорот на сведоците и ги приклучиле кон себе. Групата ја обезбедиле според позната изрека за стапот и морковот, односно ги уцениле со зборовите „доколку не го сториш ова нема да поминеш добро. Имаме договор со ВМРО, ништо нема да ви се случи“.

Претходно денеска дојде до промени во судечкиот совет, па на местото на судијата Гордана Спировска, која заради здравствени проблеми на сопругот пред неколку дена итно го напушти судењето, сега е кооптирана судијката  Љубинка Башевска. Предметот „Титаник 3“ и натаму ќе го води судијката Оља Ристова.

Судот, исто така, пред стартот на воведните зборови, го одби барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што беше побарано на рочиштето од пред три дена.

Алими Гури избори Титаник 3 Фетаи Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.