Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фетел по победата во Мелбурн: И среќата беше на моја страна

0
By Нова ТВ on March 26, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стартуваше од втората позиција, заврши како прв. Себастијан Фетел триумфира во трката за Големата награда на Австралија, прва во новата сезоната во Формула 1 шампионатот. Победничкото време што притоа го оствари Германецот на Ферари беше 1:24:11,672 часа.

„Целиот тим е исклучително среќен. Не бев задоволен со стартот, имаше лизгања, но се обидов да го задржам притисокот врз Луис и да дадам до знаење дека сум тука и дека ќе се борам до крај во трката како и во сезоната. Делумно имав и среќа што Хамилтон по враќањето на патеката влезе во мешаница“, рече Фетел по настапот на „Алберт парк“.

Оваа за Фетел е 43 победа во кариерата, петта на австралиското Гран при и прва по две години во Мелбурн. Ја зграпчи и сочува до крај благодарение на грешката на Мерцедес и влегување во бокс поради што Британецот, кој тргна од пол-позицијата, заврши на второто место.

„Честитки за Фетел и Ферари. Имав доста проблеми на почетокот со болидот и затоа морав порано да влезам во бокс. Тој го искористи моментот за што уште еднаш му честитам. Убаво е што повторно се гледаме, среќен сум што новата сезона, конечно, почна“, рече Хамилтон.

Третото место го освои Финецот Валтери Ботас кој оваа сезона дојде во Мецедес како замена за ланскиот шампион Нико Розберг. Четврти беше неговиот сонародник Кими Раиконен. Бодови освоија уште Мак Ферстапен од Ред Бул, Фелипе Маса од Вилијамс, Серхио Перез и Естебан Окон од Форс Индија, Карлос Сајнц јуниор од Торо Росо и неговиот клупски колега Данило Квјат.

Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 9 април во Шангај за ГН на Кина.

Формула 1 – Трка за ГН на Австралија

Резултати

1. Себастијан Фетел (Германија/Ферари) 1:24:11,672 часа – 25 бода
2. Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) +9,975 сек. – 18 бода
3. Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) +11,250 сек. – 15 бода
4. Кими Раиконен (Финакса/Ферари) +22,393 сек. – 12 бода
5. Макс Ферстапен (Белгија/Ред Бул) +28,827 сек. – 10 бода
6. Фелипе Маса (Бразил/Вилијамс) +83,386 сек. – 8 бода
7. Серхио Перез (Мексико/Форс Индија) +1 круг – 6 бода
8. Карлос Сајнц Јуниор (Шпанија/Торо Росо) +1 круг – 4 бода
9. Данил Квјат (Русија/Торо Росо) +1 круг – 2 бода
10. Естебан Окон (Франција/Форс Индија) +1 круг – 1 бод

ГН на Австралија Себастијан Фетел Ферари Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.