И на Фетел му е преку глава од Мекларен: Не се четири трки туку четири години

Возачите на ривалскиот тим на Ферари, Валтери Ботас и Луис Хамилтон испишаа историја со еден-два победите во четирите трки во 2019 година. Финецот победи во Австралија и во Азербајџан, Британецот во Бахреин и во Кина за разлика од Фетел и Леклер кои се далеку од конкурентни засега

Хамилтон со петтата Ф1 титула се израмни со Фанџо: Ова е нестварно

Британецот во болидот на Мерцедес заврши како четврти во трката за ГН на Мексико што беше доволно и математички да се одржи на врвот во генералниот пласман на две трки до крај на сезоната. Рекордер по бројот на освоени Ф1 титули и натаму е Германецот Михаел Шумахер со седум

Квалификации за ГН на Германија: Фетел со рекорд на Хокенхајм

Возачот на Ферари притоа постави и нов рекорд на патеката во Хокенхајм што сега изнесува 1:11,212 минути. Луис Хамилтон, пак, ќе стартува од седмиот ред (14. позиција), слабиот пласман за Британецот во квалификациската сесија се должеше на проблеми со менувачот и излетување од патека

Хамилтон: Заостанував и 40 секунди, но не се откажав

Британецот имаше судир со Фетел во раната фаза од трката за ГН на Мексико, мораше рано во бокс, на крајот заврши како деветти што, сепак, беше доволно за четврта шампионска титула во кариерата колку што освои и Алан Прост. Победата на автодромот „Браќа Родригез“ крај Мексико Сити ја однесе Макс Ферстапен (1:36,26,552 часа), втор беше Валтери Ботас (+19,678 сек.), трет низ целта мина Кими Раиконен (+54,007 сек.). Германецот Себастијан Фетел, кој тргна од пол-позицијата, заврши како четврти (+70,078 сек.).  

Формула 1: Јубилејна 50 пол позиција во кариерата на Себастијан Фетел

Германецот беше најбрз во официјалните квалификации на патеката „Браќа Родригез“ крај Мексико Сити и со време од 1:16,488 минути (рекорд) ја обезбеди јубилејната 50 пол-позиција во кариерата. Заедно со него од првиот ред ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул, водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон ќе тргне од третото место. Трката за ГН на Мексико е утревечер од 20 часот

Формула 1: Триумф на Хамилтон во Сингапур, дебакл на Ферари (Видео)

Британскиот пилот на Мерцедес триумфира за Големата награда на Сингапур со време од 2:03:23,544 часа за голем исчекор кон преземање на тронот од Нико Розберг. Второто место го освои Австралиецот Даниел Рикардо, трет беше Валтери Ботас. Кими Раиконен и Себастијан Фетел останаа без пласман по колизијата со Макс Ферстапен на стартот

Еден-два победа на Ферари во Унгарија: Фетел го покори Хунгароринг

Германецот ги потврди најбрзите резултати од квалификациите и со време од 1:39:46,713 часа си обезбеди четврта радост во 2017 година. Притоа ја зголеми и предноста во однос на Луис Хамилтон во генералниот пласман на 14 бода пред летната пауза во „летечкиот циркус“ што продолжува на 27 август за трка за ГН на Белгија

Хамилтон по триумфот во Силверстон: Сакаме титула, но крајот е далеку

Британецот по петти пат славеше на британското гранпри, вкупно 57. пат во кариерата, за израмнување на рекордот на Алан Прост во Ф1 трките на Островот. Фетел поради проблеми со пневматици заврпи како седми и остана лидер во генералниот пласман со само бод повеќе од ривалот од Мерцедес. Второто место го освои Ботас, трет беше Раиконен. Наредната трка ќе се вози на 30 јули на патеката „Хунгароринг“ за ГН на Унгарија

ФИА прогледа низ прсти: Фетел куртули од казна за инцидентот во Баку

Германецот останува на оние 10 казнени секунди што му беа доделени уште за време на трката и ја сочува предноста од 14 бода во генералниот пласман во однос на Хамилтон во Формула 1 шампионатот во пресрет на ГН на Австрија на 9 јули

Формула 1: Фетел го освои и Монако, Хамилтон заврши седми

Германецот до третата победа во 2017 година, по Австралија и Бахреин, стигна со време од 1:44:44,340 часа, Кими Раиконен заврши како втор (+3,145 сек.), за место на подиумот се избори и Даниел Рикардо (+3,745 сек.). Наредната трка во сезоната ќе се вози на 11 јуни за ГН на Канада