Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФФМ ги прогласи најдобрите: Висар Муслиу е фудбалер на годината, Елмас најдобар во странство

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс играчот на Шкендија, моментно член на унгарски МОЛ Фехервар, Висар Муслиу е прогласен за најдобар фудбалер во домашната сцена за 2019 година додека признанието за најдобар македонски репрезент во странство му припадна на Елиф Елмас од Наполи. Фудбалската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2019 година, а двајцата членови на националниот тим беа централни фигури на синоќешната свечена церемонија.

Фото: facebook.com

Тренер на годината е Југослав Тренчовски кој со Академија Пандев го освои Купот. Влатко Стојановски кој сега игра за Ним, а во минатата сезона беше во Ренова, е прогласен за најдобар стрелец во првата лига.

Џемаил Ибиши од Вардар е најдобар млад играч, додека Флорент Рамадани од Шкендија е најдобар стрелец во младинска конкуренција. Шкендија е најдобар клуб во младински фудбал, а најдобар тренер во категоријата е Филип Деспотовски од Вардар.

Најдобра фудбалерка за 2019 година е Ленче Андреевска од Каменица Саса. Најдобар тренер во женски фудбал е Илија Мандаров од ЖФК Драгон, клуб кој освои двојна круна, додека Ели Јакоска е најдобар стрелец во женскиот фудбал.

Таулан Исмаили од КФМ Шкупи е најдобар фудбалер во футсал. Марјан Гоцевски е најдобар судија, а Академија Пандев беше прогласена за фер-плеј екипа.

Висар Муслиу Елиф Елмас Фудбалер на годината ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.