Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фич“: Потврда на македонскиот кредитен рејтинг на стабилен ББ+

0
By Нова ТВ on December 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 14, 2019 13:14

Агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Како што се наведува во извештајот, ова се должи на низата кохерентни макроекономски и финансиски политики и подобрите индикатори за управување, развој на човечки ресурси и околина за водење бизнис.

„Фич“ пишува дека домашната политичка ситуација е нормализирана по подолг период на „политичка парализа“ од 2014 година до 2017 година, а процесот на евроинтеграција останува приоритет на земјата и двигател на реформите.

Проекцијата за раст на македонската економија за годинава, забележува „Фич“, е 3,4 проценти од БДП, што претставува забрзување во однос на лани. Растот се очекувања да биде придвижен од домашната побарувачка. Инвестициите во првото полугодие од оваа година пораснале за 10,4 проценти што, според агенцијата, се должи на зајакнатата доверба на инвеститорите и на растот на кредитирањето.

„Фич“ оценува дека трендовите на пазарот на труд се позитивни со раст на вработеноста за 2,2 проценти и намалување на стапката на невработеност за 0,7 процентни поени, односно на 17,1 проценти заклучно септември. Се очекува растот на инвестициите и на вработеноста да бидат поттикнувачи на економскиот раст и во 2020 година, како и растот на минималната плата, пензиите и платите во јавниот сектор.

„Државниот долг е проектиран за умерено да се зголеми од 40,7 проценти од БДП на крајот на 2019 година на 41,2 проценти на крајот на 2021“, пишува „Фич“ и дека владините гаранции за јавни проекти, главно поврзани за проекти за патишта се очекува да се зголемат од 8,1 проценти од БДП во третиот квартал од 2019 на 10 проценти во 2020 година.

Банкарскиот сектор е оценет како стабилен и добро-капитализиран. Депозитите растат за 10 проценти, додека уделот на денарски депозити во вкупните е зголемен и изнесува 61,3 проценти во вкупните депозити, а кредитната активност е повисока за 7,4 проценти, пишува „Фич“.

Кредитниот рејтинг на земата беше зголемен во јуни оваа година од ББ на ББ+, што беше прво подобрување на нашата земја по 13 години.

Кредитен рејтинг „Фич“ Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.