Published: Thursday, November 12, 2015 11:44
Италијанскиот дипломат, Филип Гранди синоќа беше назначен од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за висок комесар на ОН за бегалците, со што ја добива фукцијата која во моментов се соочува со најголемата бегалска криза.
Гранди доаѓа на местото на Португалецот Антонио Гутереш кој на чело на УНХЦР беше од 2005 година.
Гранди работи на мисијата на ОН во Авганистан, а новата функција треба да ја преземе на 1.јануари следната година.
Неговото CV во рамките на хуманитарните задачи е многу богато, работејќи за УНХЦР во Судан, Сирија, Турција и Ирак.




