Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филип Сејмур Хофман е пронајден мртов, предозиран со дрога

0
By Нова ТВ on February 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 2, 2014 20:52

Еден од најдобрите актери на својата генерација, oскаровецот Филип Сејмур Хофман е пронајден мртов со очигледно предозирање со дрога во стан кој го земал под кирија како канцеларија, во Гриниџ Вилиџ, Менхетен. Хофман бил пронајден во бањата на четвртиот кат во станот, а пронајдена а дрога за која се верува првично дека е хероин. Имаше 46 години.

Хофман, беше пронајден во бањата на четвртиот кат во станот, изјавија извори за спроведување на законот за Си- Ен-Ен. Телото го пронашол сценаристот и негов пријател Дејвид Бар Кац (David Bar Katz) , кој веднаш викнал Брза помош.

Сејмур Хофман бил откриен со шприц на раката: “Има хероин пронајден на местото на настанот”, изјавил претставник на полицијата.

Полицајците од Гриниџ исто така нашле јагленисана лажица во кујната кај мијалник, велат извори за Њујорк Пост.

“Тој се дрогирал во бањата”, рекол извор за спроведување на законот.

Пликовите со дрога биле означени како “кец пик”, за која извори велат дека е бренд на хероин кој не е виден на улиците од околу 2008 година во Бруклин.

Немало никакво писмо и затоа се верува дека смртта на Хофман е случајна.


Њујорк тајмс го опишува како здепаст, со изглед често како да е поспан, генерално неисчешлан, сакал повеќе истуткана облека, не изгледаше како ѕвезда, немаше традиционален изглед на глумец за водечки улоги, иако беше повеќе од способен за такви улоги

Зградата е помалку од три блока од станот на улицата Џејн, што Хофман и Мими О’Донел, неговата девојка со која имаат три деца, инаку костимографка, го купиле за 4.400.000 долари во 2008 година.

Семејство Хофман во соопштение изјави дека неговата смрт е “трагична и ненадејна”.

“Ние сме уништени од загубата на нашиот сакан Фил и го цениме искажувањето на љубов и поддршка кои ги добиваме од сите”, се вели во соопштението.

Њујок тајмс го опишува како можеби најамбициозниот глумец од својата генерација, глумец кому веројатно најмногу му се восхитуваа, актер кој даваше тродимензионални нијанси на улогите во филмовите и на Бродвеј.

Хофман доби Оскар за најдобар актер во 2005 “Капот”, за улогата на легендарниот писател Труман Капот.

Тој исто така имаше маестрални улоги во “Војната на Чарли Вилсон”, “Сомнеж”, и “Мајсторот”, за кои беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога.


Номинација за Оскар во Мајсторот

Во неговата импресивна кариера се вбројуваат и филмовите: Талентираниот г.Рипли, Магнолија, Големиот Лебовски, Мисија: Невозможна 3, (семејството) Савиџ, Пред ѓаволот да знае дека си мртов, Пиратско радио, Мирисот на жената и многу други.

Според биографијата на актерот објавени на сајтот за филмови Тарнер класик , минатата година Хофман откри дека бара третман за злоупотреба на дрога, и “се чинеше дека е убеден дека тој се справува со ситуацијата.”

Таткото на Хофман е продавач а неговата мајка е семеен судија, според податоците во биографијата.

По неговата победа на Оскар во 2006 година, Хофман се заблагодари на неговата мајка која го одвела да ја гледа неговата прва претстава во театар.

“Таа израсна четири деца сама и заслужува честитки за тоа. Ах, ние сме на забава, ма (мамо), знаеш? И таа ме одведе до мојата прва претстава и остана со мене и го гледаше NCAA (баскет) и моите страсти, нејзините страсти станаа мои страсти.

И знаеш мамо, биди горда мамо, бидејќи јас сум горд на тебе, а ние сме тука вечерва и тоа е толку добро “, рече тој во својот говор.


Во сеќавање за Хофман- се палат свеќи пред еден ресторан на Менхетн


Фановите оставаат цвеќиња пред зградата каде што почина Хофман

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.