Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Да изградиме општество каде што младите ќе остануваат, да создадеме Македонија во која трудот се вреднува / Мицкоски: На овие избори народот одлучува и никој друг

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филипче: Да изградиме општество каде што младите ќе остануваат, да создадеме Македонија во која трудот се вреднува

Пробиштип: Од овде од Пробиштип испраќаме јасна порака да го одбраниме нашиот заеднички дом, да ја одбраниме Македонија, како дом за сите, не како приватна сопственост на малкумина од власта, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче од Пробиштип, каде што беа промовирани кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип, Драган Анастасов-Ладич.

Лидерот на СДСМ, Филипче истакна дека Македонија е нашиот заеднички дом, во којшто секој граѓанин е еднаков, во кој има место за сите, а не само за привилигираните.

Да изградиме општество каде што младите ќе остануваат, а не заминуваат, да создадеме Македонија во која трудот се вреднува, а не партиската книшка. Оваа битка не е само политичка, оваа битка е за праведност, за достоинство, за нашата иднина и токму граѓаните се тие коишто ја носат таа борба. СДСМ од секогаш била повеќе од партија, била движење за слобода, за правда, за еднаквост. Нашите корени се во АСНОМ, во генерации коишто ја вградија темелната вредност државата да биде дом на секој човек, рече Филипче.

Тој порача дека без јадрото на партијата, без членството го нема СДСМ, а какошто рече „без вас нема иднина за правда, за еднаквост, за грижа“.

Нашата задача е јасна да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта и да покажеме дека СДСМ знае да ја исправи државата. Вие нашите поддржувачи сте моторот. Вашата енергија во секое маало, во секоја зграда ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние, коишто замолкнаа, истакна Филипче.

Тој во своето обраќање пред граѓаните на Пробиштип истакна дека постои разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и оти нивната  политика има јасен приоритет, а тоа е крај на договори зад затворени врати и на крај на картелите и дека ќе се борат за достоинствени плати, фер пензии, и за држава која е за сите.

Лидерот на СДСМ, Филипче за кандидатот за градоначалник за Пробиштип, Драган Анастасов рече дека ќе ја има победата уште во првиот круг.

-Ладич го трансформираше Пробиштип во модерно, урбано место за живеење. Нашиот Драган Анастасов Ладич од 2017 година до сега, од дете на социјалдемократската младина до татко на градот, два мандати, осум години. Искрена, упорна, отворена работа, врвен професионалец. Но, пред се Ладич е добар човек, вели Филипче.

Кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов, кој на овие Локални избори ја бара довербата од граѓаните за трет градоначалнички мандидат истакна дека денес не е пред граѓаните на Пробиштип само како кандидат за нов мандат, туку како човек кој верува во себе и во Вас.

Раководењето со општината не ме промени, но ме научи на истрајност и упорност. Постојано велев дека работата не е завршена – дури навистина не се заврши, но иако бев свесен, оваа работа ме научи и на тоа дека сите во нашата општина ги делиме истите проблеми и истите предизвици, без разлика на каква било определба. Затоа, акцентот го ставивме директно на граѓаните, вложивме многу во социјалната програма, со низа мерки и проекти наменети да го олеснат секојдневниот живот на нашите сограѓани од социјален ризик, инвестиравме во образованието, детската заштита, инфраструктурата, спортот, младите и културата, вели Анастасов.

Тој ја презентираше и Програмата за наредните четири години, во која има приориретни проекти за Пробиштип, какошто е реконстркција на Градскиот плоштад „Свети Гаврил Лесновски“ со изградба на подземен паркинг простор за 80 возила – со цел намалување на метежот и сообраќајниот притисок во срцето на градот. Фасадна и покривна реконструкција на постојни згради за колетивно домување, кои со што ќе се обезбеди енергетска ефикасност, подобри услови за живеење и модерен изглед на објектите.

Техничка вода за сите индустриски капацитети и алтернативни системи за водоснабдување во руралните средини – со овој проект ја зачувуваме водата за пиење, ги снабдуваме индустриските капацитетии со техничката вода а со тоа им овозможување огромни заштеди и со алтернативното водоснабдување во сите рурални средини ке го надминеме проблемот во летнитниот период од годината кога имаме значајно зголемени потреби. Детската градинка во населба Пробиштип станува реалност – преадаптација и целосно опремување на простор во подрачното основно училиште „Ванчо Трајков“, што ке значи нова градинка за 40 деца поблиску до нивните домови, вели Анастасов.

Тој истакна дека во наредните четири години ќе продолжи да ги враќа парите кај народот, преку социјалната програма и награди за најдобрати ученици и спортисти.

Пред граѓаните на Пробиштип вечерва се обрати и носителката на листата за советници за Општина Пробиштип од СДСМ, Весна Ристовска.

Мицкоски: На овие избори народот одлучува и никој друг

Ресен: На овие избори народот одлучува и никој друг. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Ресен.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски, Македонија е уморна од сојузите кои се на грбот на напатениот народ.

На овие избори народот одлучува и никој друг, Македонија е уморна од едни исти политичари кои ја загрозуваат нејзината иднина, уморна е од сојузите кои се на грбот на напатениот народ, уморна е од интригите на Венко, Али и Димче. Тоа е коалиција за пари. На Македонија и треба коалиција за работа и иднина и тоа е јасно, како бел ден е јасно. На овие избори, од едната страна е коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица, коалицијата на Венко, Али и Димче, коалиција за пари, а од другата страна е победникаата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалиција на работа, на просперитет, на иднина, посочи Мицкоски.

На народниот митинг во Ресен, премиерот Мицкоски потсети на реализираното и ветеното во иминатите 15 месеци од кое полза, како што рече, имаат просветните работници, студентите, задравствените работници, земјоделците, инвестиции од 500 милиони евра за македонските општини, исплатени плати и друга помош.

Нашата борба не беше само во Македонија. Ние знаевме дека наследивме ограбена и понижена држава со начнат идентитет, со начната гордост на македонскиот народ. Затоа бевме свесни дека треба да победуваме и надвор, во Лондон, Брисел, Берлин, Вашингтон…достоинствено ја браневме честа на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија. Се боревме и ќе продолжиме да се бориме за Македонците насекаде во светот и додека е оваа Влада треба да сте сигурни дека Македонија е во вистински раце, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На народниот митинг што се одржа на плоштадот во Ресен, Мицкоски посебно за поддршка ги повика неопределените гласачи и сите заедно со членовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг на Јован Тозиевски повторно да го изгасаат за градоначалник.

Тозиевски на собирот во Ресен потсети на постигнатите резултати во локалната самоуправа во минатите 4 години од неговиот актуелен мандат во кој според него еден од најголемите успеси е што буџетската сметка на Општина Ресен под негово водство беше деблокирана.

Не се кандидирам за да ветувам празни зборови, напратив се кандидирам за да со ваша поддршка да го продолжиме започнатото и со уште повеќе сила и мудрост стекната од искуството да придонесеме за силна и перспактивна Преспа. Наш прироритет се реконструкција на градскиот плоштад, обнова на скијачкиот центар на Галичица, обиколница околу Ресен, катна гаража, реконструкција на улиците според потребите на секое населено место, реконструкција на водоводната мрежа, а во Претор ќе има нов водоводен систем, најави Тозиевски и додаде дека за заштита на Преспанско Езеро ќе се користи меѓународна експертска помош и поддршка.

На народниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, вечерва во Ресен беа промовирани и кандидатите за членови на општинскиот Совет.

 

 

 

Локално Мицкоски Пробиштип Ресен Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.