Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

0
By Zoran Ivanov on June 19, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 19, 2026 15:09

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, апелираше граѓаните да не наседнуваат на истиот трик кој Мицкоски го користеше во 2024 година и лажната реторика.
Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно на неговиот трик, како пред две години. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, полни со патриотизам, црвени линии, одбрана на браникот на идентитетот и така натаму, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека изолацијата значи застој за државата, а единствениот пат за подобра иднина на граѓаните е еврпскиот пат.

Единствениот пат е Европа. Апелирам сите да се приклучат кон фронтот за вистина и правда. Сите политички чинители, сите граѓански организации, интелектуалци, независни, разумни луѓе коишто знаат дека ова е лажен наратив и дека не води никаде. И дека се само една голема лага со цел да не се направи чекорот и да има реформи и правда тука, кај нас, и конечно да се интегрираме во Европа, таму каде што ни е местото, рече Филипче.

Филипче нагласи дека вистинскиот напредок доаѓа преку членство во ЕУ.

Кога ќе бидеме рамноправна земја членка во Европската Унија, можеме многу од посилна позиција политичка од ова сега да прашаме Бугарија зошто не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Е така се бори за нацијата. Не случајно кажувам дека нацијата е пред колапс, а идентитетот е загрозен, затоа што ако останеме изолирани сега, ако го пропуштиме овој воз, ако утре ни каже Европската Унија дека нема да влеземе во седумгодишното буџетирање следно, затоа што буџетите се планираат за следните седум години, ќе ни останат само хоризонт-програмите и прекугранична соработка, ние со тоа не може да преживееме. Политиките на несигурност и изолација не се решение. Ако Мицкоски не е сигурен во себе и во својот идентитет и бара заштита, нему не му е местото да води држава, рече Филипче.

 

граѓаните Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.