Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче ги брани измените во законот за лекови, некои не ги ни виделе

0
By Менче Атанасова Точи on April 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за лекови во делот на паралелниот увоз треба да се смени и да се зајакне, да се воведат построги мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните и квалитетот на лековите. Ова се наметна во дискусијата на денешната јавна расправа на која министерот зз дравство Венко Филипче усно го презентираше Законот, но најголем број од дискутантите во најголем дел не ги виделе ниту ги прочитале измените во Законот.

Законот за паралелен увоз како дојде, така треба да се укине. Тоа ќе биде најправилното решение, изјави Весна Алексовска, пациентка со ретка болест и претседателка на Здруќението „Живот со предвизвици“.

-Мене серитификат не ми значи ништо. На нас пациентите сомнеж ни се лековите, се плашиме од нив и моето прашање е: Зошто не се укине овој закон? Тоа ќе биде најправилното решение, реќе Алексовска.

На слабоста на парлелниот увоз и на моментот на кој мора да се внимава при донесувањето на измените на Законот, укажа и професорот Зоран  Гучев од Клиниката за детски болести. Тој потенцира дека во Македонија нема лабораторија која ќе го испитува биолошкиот квалитет на лековите.

-Треба да се одговори дали сертификат од производителот ќе има за секоја серија од лековите и потребен е и сертификат за ладниот ланец на производот, од земјата увозник до Македонија, рече Гучев. Неговите забелешки се однесуваат на тоа да се избегнат можните злоупотреби во законот, да се чита и да се осмисли од власта така како што треба.

Министерот Филипче ги бранеше предложените измени на текстот на Законот и смета дека не треба да се менува ништо во него. На јавната дебата говореа и претставници од здруженија на пациенти, особено оние со дијабетес, кои укажаа дека со години се жалеле на лошиот квалитет на инсулините.

Бистра Ангеловска, претседателка на Фармацевтската комора нагласи дека изборот на референтните земји кои се внесени во Законот треба да се ограничи само на земјите од ЕУ, а не како што е сега и трети земји.

Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова истакна дека во земјите во регионот има и други методологии со кои можат да се обезбедат поевтини иновативни и скапи лекови и дека ние сме единствената земја со ваков закон.

Закон за лекови измени јавна расправа паралелен увоз Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.