Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче го чека ребалансот за заостанатите хонорари за „Ало докторе“

0
By Менче Атанасова Точи on October 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 26, 2018 14:37

Министерството за здравство ќе го чека ребалансот на буџетот за им го исплати заостанатиот надоместок на лекарите од Ало докторе, кои изминатите 10 месеци работеа без пари. Од Министерството за НОВА, потврдија дека ќе бидат обезбедени финансиски средства во рамки на расположливиот буџет.

„Министерството за здравство во рамките на расположливите средства на буџетот, презеде активности за изнаоѓање финанскиски средства за исплата на ангажираните лекари во Проектот – Ало докторе. По донесување на ребаланс на буџетот кој е во Собраниска процедура, Министерството за здравство ќе пристапи кон измена на соодветната Програма која треба да ја помине владината процедура и во текот на наредниот месец ангажираните лекари кумулативно ќе ги добијат средствата“,велат за НОВА во Министерството за здравство.

25 лекари специјалисти кои одговараат на телефонските повици на Ало докторе се уште не го добиле надоместокот за нивниот труд иако од ресорното Министерството им беше ветено дека финансискиот надоместок за периодот од 1 јануари ќе го добијат во октомври.

Како што веќе објави НОВА, станува збор за лекари од кои повеќето се специјалисти кои веќе четири години се ангажирани на проектот Ало докторе, воведен во време на поранешниот министер Тодоров. Лекарите кои се обратија во редакцијата на НОВА, тврдат дека од 31 декември минатата година работат без пари, дежураат преку ден и ноќе и сето тоа без надомест за кој склучуваат договор секој месец.

„ Ние работиме без пари 10  месеци, дежураме по 4, 6, 8 или 10 часа во дење и во текот на ноќта. Имаме неделно по 5000 јавувања. Но, ова со исплатата сите не направи да не веруваме дека нашата состојба ќе се реши и дека ќе ни бидат исплатени хонорарите. Не знаеме нити дали самиот проект ќе продолжи“, велат за НОВА лекарите кои се ангажирини на проектот Ало докторе.

Во Министерството за здравство работата на проектот Ало докторе ја сметаат за успешна бидејќи, како што велат, „граѓаните имаат бенефит, особено заради фактот дека голем дел од повиците ја релативизираат работата на службата за Итна Медицинска Помош, односно, со јавување на “Ало Докторе“ се решаваат дел од здравствените дилеми и прашања на граѓаните“.

Лекарите кои работат на проектот велат дека со јавување на граѓаните кои бараат совети им е олеснета работата на службата за Итна медицинска помош бидејќи тука,  освен за здравствената состојба во моментот добиваат совети и како да постапат понатаму, во која болница да се обратат, како да го направат тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.