Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче и Синдикатот на Клинички центар на средба за решение за паркингот

0
By Нова ТВ on December 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот Венко Филипче и Синдикатот на здравствените работници денеска на средба ќе се обидат да најдат решение во врска со поскапувањето на паркирањето за вработените на Клиничкиот центар во Скопје, а како можност се разгледува паркингот да се врати на стопанисување на Центарот.

-Во врска со паркингот разговаравме со градоначалнкот Петре Шилегов. Укажав на сите барања на синдикатот, на незадоволството на вработените во Клиничкиот центар и разговаравме за неколку можни решенија, меѓудругото ние повторно да го вратиме стопанисувањето со паркингот. Треба да се разгледа  договорот како тој бил преземен од страна на Град Скопје пред неколку години. Исто така ќе се разгледува можност во решението да ги вградиме и активностите кои се во тек , а во смисла на целосно решавање на сообраќајниот хаос. Се надевам дека за ден два ќе имаме некакво алтернативно правно решение за тоа како би можеле евентуално да го преземеме паркингот, а во истовреме да работиме на унапредување на нашиот капацитет да може тоа да функционира, рече Филипче.

Тој напомена дека во овој момент, исто така, се ревидираат претходно направените физибилити студии за катните гаражи.

– Ревидирањето е при крај и врз основа на тоа ќе ги започнеме постапките за монтирање урбана опрема, а тоа се монтажните катни гаражи, таму каде што било предвидено, во близина на хелиодромот, а  дополнително и на празниот простор до гинеколошката клиника, рече министерот за здравство.

Филипче одговарајќи на новинарско прашање реше дека не е запознаен дека синдикатот освен забелешките за паркингот имаат и забелешки во врска со покажувањето на платите. Рече дека на поранешните средби со синдикатот укажале дека ова во моментот е максимумот што може да го дадат и оти тоа е процес во кој ќе се инвестира и во наредните години за да се исполнат ветувањата за основна плата на лекарите специјалисти.

-Излеговмем во пресрет и на дополнителните барања на медицинските сестри. Предвиденото зголемување за септември ние го префрливме во јануари затоа што се обезбеди и дополнителна сума на пари, но и да се разгледаат некои дополнителни барања од страна на медицинските сестри во Клиничкиот центар во однос на нивните коефициенти бидејќи навистина наследивме хаотичен систем. Има различни коефициенти, различен начин на пресметување на платите, различно признаени дипломи за високо школо на некои медицински сестри да, а на некои не, рече Филипче.

Синдикатот на Клинички центар на денешниот штрајк против одлуката за покачување на цената на паркингот побара министерот за здравство да го реши настанатиот проблем.

Советот на Град Скопје, кој стопанисува со паркингот,  донесе одлука за зголемување на месечното паркирање на 800 денари за вработените од Клиничкиот центар.

паркинг Синдикат Клинички Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.