Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Македонија не смее да си дозволи да стане периферија на Европа

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 9, 2025 12:53

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија -СДСМ, денеска најави дека ќе организира граѓанска иницијатива, која ќе вклучува онлајн петиција против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата.

Според лидерот на опозицијата, станува збор за „антидржавно и антинационално однесување“ на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Мора да кажеме одлучно не. Ги повикувам граѓаните да нè поддржат и да ни помогнат да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на т.н. патриотска влада на ВМРО ДПМНЕ“, порача Филипче.

Тој нагласи дека Македонија не смее да дозволи да стане периферија на Европа и предупреди дека ако Владата го игнорира ова предупредување, ќе следат уште посилни чекори во интерес на заштита на државата, безбедноста и иднината на македонските граѓани.

Филипче го отвори и прашањето дали зад тајните договори на владата се крие целта мигрантите да станат нова гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Тој јавно праша дали може да очекуваме дека на мигрантите ќе им бидат дадени македонски пасоши.

Инаку, британските медиуми во петокот објавија дека Македонија започнала формални преговори со Британија за прифаќање на мигранти. Според информациите на тамошните медиуми, станува збор за лица на кои им е одбиено барањето за азил во Велика Британија.

Планот наводно предвидувал Британија да ѝ плаќа на Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, како и да вложува во земјата преку инвестиции и поддршка за нејзината безбедност, особено во контекст на руското влијание во регионот.

Според написите, мигрантите ќе можат да добијат азил во Македонија или да аплицираат за работни визи во сектори каде има недостиг на работна сила. Тие немало да бидат сместени во центри, туку би имале слобода да ја напуштат земјата кога сакаат.

По објавата Британската амбасада во земјава јавно реагираше со соопштение во кое потврдија дека соработуваат со македонската влада за справување со проблемот со нелегалната миграција.

Од македонската влада сè уште нема официјална реакција.

 

 

Мигранти периферија петиција СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.