Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

0
By Zoran Ivanov on July 13, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 13, 2026 21:04

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Филипче посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не можат да очекуваат какво било подобрување.

Ова е една реконструкција која е само замена на имиња – едни луѓе со други. Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо. Ама буквално ништо, исто како што не видоа никакви резултати и досега од работата на Владата, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, посочи дека по две години владеење нема област во која Владата на ВМРО покажа резултати или граѓаните почувствувале некакво подобрување.

Нема еден сектор во кој има некакви добри резултати. Нема една група на луѓе во државава која виде бенефит од оваа власт. Државата е целосно блокирана. Граѓаните тонат во сиромаштија. Цените растат без контрола. Нема раст на платите. Стандардот тоне. Ние останавме слепо црево на Балканот и во Европа, изјави Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека Владата го запре европскиот пат на државата, а премиерот Мицкоски отворено кажува дека нема намера да го продолжи евроинтегративниот процес.

Гледаме како се однесуваат и кон стратешкиот правец на земјата. Го запреа европскиот пат по 30 години и тоа отворено го кажува премиерот – дека нема намера да го продолжи евроинтегративниот пат на земјата. Во тој контекст, нешто што не го кажуваме ние, туку го кажува во својот извештај Европскиот парламент – дека тука има влијание од српскиот свет, дека има центри на руските разузнавачки служби во Србија кои влијаат врз земјите во регионот, меѓу другите и врз Македонија, и не дозволуваат да продолжи евроинтегративниот пат, рече Филипче.

Филипче нагласи дека Владата нема капацитет да понуди решенија за клучните проблеми на државата и граѓаните.

Ете, такви луѓе ние имаме во Владата. Ние имаме целосно неспособен премиер, неспособен да реши ниту едно прашање, да направи државна стратегија, да направи било каква добра политика од која граѓаните и државата ќе видат бенефит, изјави Филипче.

Мицкоски Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.