Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Носењето маски ќе стане дел од живот, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

0
By Менче Атанасова Точи on April 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Убавото време ги извади луѓето надвор, пред зградите и на игралиштата. И до мене стигаат фотографии од луѓе без маски, надвор каде што не може да се држи дистанца меѓу луѓето, но мора да кажам дека граѓаните ќе мора да се навикнат да ставаат прекривка преку носот и устатата и тоа ќе стане еден терк на однесување и понатаму.

Вака на денешната прес конфренција одговори министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето на НОВА какви се сознанијата за овие два дена, дали се почитуваат комбинираните мерки и дали му е познато дека на многу места пред зградите, парковите, деца и возрасни се собираат и не носат никаква заштита на носот и устата.

“Имам и јас вакви информации и фотографии, но граѓаните мора да знаат дека мерките мора да с е почитуваат, тоа е за нивното здравје и за здравјето на луѓето околу нив. Со текот на времето ќе се зголеми свеста, тоа ќе стане еден терк на однесување и мерките мора да дадат резултати. Инаку, има и други слики каде што граѓани стрпливо и со дистанца со маски на лице чекаат ред пред банки, маркети“, одговори министерот Филипче.

Убавото време и олабавување на мерките со скратување на полицискиот час ги наполни игралиштата, дворовите пред зградите, парковите. Често не се држи дистанца, децата немаат маски.  Оваа фотографија е од општина Аеродром, а на такви слики наидовме и во други општини.

Министерот нагласи дека маските, иако СЗО препорачуваше да не се носат на отворен простор, работите се сменија бидејќи сега има многу асимптоматски случаи, луѓе кои можеби не знаат дека се заболени, а може да ја пренесат болеста. Во однос на ракавиците, Филипче потенцира дека не е непоходно да се носат доколку се мијат рацете почесто и правилно со сапун и не се фаќа лицето и носот, ракавиците рече тој, можат да направат поголем проблем ако со нив се фаќа секаде, а потоа и лицето.

Министерот ги соопшти и податоците кои веќе претходно беа објавени, за еден починат, 26 новозаболени лица и 36 излекувани пациенти со КОВИД-19 во изминатите 24 часа. Починатото лице е 80 годишен пациент од Скопје кој ја загуби битката со вирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде беше примен на 21 април.

Во изминатите 24 часа се потврдени 26 заболени лица со КОВИД-19 во земјата и тоа во Скопје – 11, Куманово – 2, Тетово – 3, Струга – 6, Битола – 1, Гостивар – 1, Виница – 1 и Неготино – 1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупниот број дијагностицирани пациенти со вирусот сега изнесува 1.326.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени тројца пациенти, а хоспитализирани се вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се шест, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се шест пациенти, а седум се на респираторна машина.

Во однос на болницата во Битола за каде што има уште еден потврден случај кој бил хоспитализиран на интерно одделение неколку дена, користел заеднички тоалет со другите, а потоа откако вториот брис покажал дека е позитивен е префрлен на инфективно одделение,  министерот со одговор дека ќе има санинкции ако не се почитувале протоколите.

„Суспектните случаи мора да бидат во изолација и тука нема дилема дека мора да се почитуваат протоколите. Доколку има спротивставени ставови и се потврди дека е така ќе има санкции“, одговори на прашањето на НОВА, министерот Филипче.

Тој информираше дека ситуацијата во Дебар е стабилна, таму има само тројца заболени и сега почнува подготовка за скрининг на населението.

„Тоа е добро за старт на скринингот, матичните лекари ни укажаа на некои работи и се подготвува терен да започне скрининг на три категории граѓани“, рече Филипче.

На прашањето на НОВА дали и кода се планира да ги олабават мерките во Клиничкиот центар и во болниците во однос на другите пациенти, министерот Филипче одговори дека и сега таму се примаат одредени пациенти, а дека има работи кои с е одлжуваат без да има компликации по нив.

„Дали ќе се ревидира таа политика на олабавување на мерките за останатите пациенти, веројатно не, не размислуваме за тоа пред очекуваниот врв на епидемијата. Веројатно ќе почекаме пред падот на пикот“, одговори Филипче.

Болницата од Куманово каде што голем дел од медицинскиот персонал е заболен или е во самоизолација, фукционира со секојдневни комуникации и догаварања, а од гинеколошкиот и инфективниот оддел пацинети се праќаат во Скопје.

„Болницата во Куманово со оглед на тоа што имаше голем број на персонал кој што не одеше на работа, дел беа заболени, дел беа во изолација согласно контактите и прашалникот, работат целосно одделенијата каде што може да се организира работата, конкретно за гинеколошкото одделение и за одделението за инфективни болести сме во секојдневна комуникација и по потреба сите тие пациенти се праќаат во Скопје, по претходна најава. Во еден момент сите пациенти кои беа хоспитализирани на инфективното одделение, дел беа пуштени дома, согласно проценката, дел во Скопје, понатаму се примија нови петнаесетина пациенти, но во координација дека таму работата може да биде организирана“, изјави Филипче.

Тој информираше дека на медицинските сетри од патронажните служби на кои им истекува договорот на дело, ќе им бидат продолжени договорите, обезбедени се финансиски средства за нив , а потоа добар дел од нив ќе бидат вработени бидеќи се потребни во патронажните слуѓби во здравството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.