Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Нови 26 заболени, еден починат и 36 излекувани

0
By Нова ТВ on April 24, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: skopskoeho.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 24, 2020 14:07

Еден починат, 26 новозаболени лица и 36 излекувани е ковид-19 биланс во земјата во изминатите 245 часа, истакнуваат од Министерството за здравство (МЗ). Починатото лице е 80 годишен пациент од Скопје кој ја загуби битката со вирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде беше примен на 21 април.

Во изминатите 24 часа се потврдени 26 заболени лица со ковид-19 во земјата и тоа во Скопје – 11, Куманово – 2, Тетово – 3, Струга – 6, Битола – 1, Гостивар – 1, Виница – 1 и Неготино – 1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупниот број дијагностицирани пациенти со вирусот сега изнесува 1.326.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), како што се посочуваат од МЗ, регистрира 36 оздравени пациенти од кои двајца пациенти од болничко лекување и 34 кои се третираа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во Скопје – 15, во Прилеп – 6, во Велес – 3, во Кочани – 2, во Пробиштип – 1 и во Штип – 7. По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје.

Според последната дистрибуција по градови, заболени од ковид-19 има во Скопје – 451, во Куманово – 355, во Дебар – 51, во Штип – 34, во Прилеп – 131, во Тетово – 69, во Струга – 61, во Велес – 62, во Битола – 18, во Охрид – 15, во Кавадарци – 5, во Гостивар – 14, во Гевгелија – 4, во Струмица – 2, во Крива Паланка – 5, во Радовиш – 4, во Крушево – 3, во Кочани – 28, во Пробиштип – 2, во Кичево – 2, во Неготино – 4, во Демир Хисар – 1, во Македонски Брод – 2, во Пехчево – 1, во Валандово – 1 и во Виница – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 408 тестови и тоа преку ИЈЗ – 233, преку Ветеринарен факултет – 12, „Авицена“ – 15, „Биотек“ – 52, Клиника „Жан Митрев“ – 76, „Систина“, со PCR метода, – 16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени тројца пациенти, а хоспитализирани се вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се шест, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се шест пациенти, а седум се на респираторна машина.

Во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани шест пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Клиничката болница во Штип болнички се лекуваат тројца пациенти, а на домашно лекување уште 15 пациенти.

Дневен биланс Институт за јавно здравје Коронавирус Македонија Министерство за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.