Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Обезбедивме квалитетна инсулинска терапија, за првпат сензори за мерење гликемија

0
By НОВА ТВ Balaban on November 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 13, 2021 10:22
Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови, вели Филипче. 
На 14 ноември Светскиот ден на дијабетесот годинава се обележуваат – 100 години од откривањето на инсулинот. „Пристап до современа дијабетска заштита“ е мотот на овој јубилеј, а ова само ја нагласува важноста за грижа на секој здравствен систем кон лицата со дијабет, односно пристап до модерна иновативна терапија, како би им се овозможил нормален живот на овие луѓе.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на Форумот организиран во чест на Светскиот ден за борба со дијабет, посочи за заложбите изминативе 4 години, кои се направени за унапредување на здравјето на лицата со дијабет и обезбедувањето современ пристап на лекување, информираа денеска од Министерството за здравство.  

– Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетес. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови. Со измените на законот за паралелен увоз воведовме сертификат за квалитет, како и систем за следење, и сега знаеме која доза лек каде завршила. Веќе не станува збор само за тоа како се третира дијабетот, туку секогаш мора да имаме предвид дека станува збор за начин на живот.Што значи дека не е само инсулинот како инсулин, како препарат, туку како целокупната филозофија и целокупниот пристап кон овие пациенти со цел тие да имаа што понормален живот, посебно децата, за да имаат нормален раст и развој. Имаме интензивна комуникација со претставниците на здруженијата за дијабет. Најпрво успеавме да слушнеме кои се вистинските проблеми, врз основа на проблемите со кои тие се соочуваат ги димензионираме нашите политики. Решенијата треба да им служат на тие на кои што се наменети – посочи министерот  Филипче.
Министерот рече дека сега се обезбедени пет нови препарати коишто овозможуваат уште подобра контрола на гликемијата, инсулини кои се кардиопротективни, го штитат срцето и крвните садови и со многу помала количина се контролира инсулинот до 20%.
-Она што во овој момент го правиме е постапката за првпат во нашата земја се набават сензори за мерење гликемија, а тоа значи дека наместо вообичаените боцкања за земање крв и мерење на шеќерот, сега се ставаат специјални сензори на надлактицата и тоа се мери со електронски девајс или со мобилен телефон – врз oснова на најнова технологија. Со ова уште повеќе го зголемуваме квалитетот на живот за овие пациенти, посебно за децата со што значително ќе се намали траумата која ја доживуваат од секојдневните боцкања со игли – рече Филипче.

Од вчера на ЈЗУ УК за Ендокринологија отворен е нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања.

 

Венко Филипче инсулинска терапија квалитетна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.