Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче од Националниот совет за евроинтеграции: Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание

0
By Marija Todorovska on July 14, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседавачот со Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираа приоритетите на данското претседателство со ЕУ, ги поздрави приоритетите на Данска во однос на проширувањето, коишто, посочи, се многу важни за денешниот геополитички контекст.

На седницата, Филипче побара од амбасадорката на Данска во земјава, Перниле Деилер Кардел, сериозно да се земе предвид делот од Извештајот на Европскиот парламент, каде што стои дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание.

Би сакал данската амбасадорка да каже дали ова го земаат предвид и дали се анализира овој дел од Извештајот, кога се зборува за зајакнување на безбедносната политика. Тоа дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание, рече Филипче.

Тој изрази и уверување дека Данска ќе работи на решиотелна ЕУ, која презема одговорност за сопствената безбедност и зајакнување на конкурентноста.

Уверен сум дека Данска ќе работи силно на решителна Европска Унија, која презема одговорност за сопствената безбедност и зајакнување на конкурентноста. Двата главни приоритети се многу важни во денешниот геополитички контекст, тоа е безбедна Европа и конкурентна зелена Европа. Искрено се надевам дека и ние како зелен кандидат за членството во Европската унија ќе го најдеме своето место во поставувањето на данските приоритети на данското претседателство – безбедна и конкурентна зелена Европа, рече Филипче.

Во тој контекст, Филипче ја потенцираше и важноста на политичките договори што се направени во минатото, кои, како што кажа, не се само договори коишто решаваат политички проблеми.

Имено, во Преспанскиот договор има еден сериозен дел кој укажува на развој на потенцијално партнерство со Република Грција во делот на обновливите извори на енергија, и тоа е нешто што во овој контекст Европа, сметам, треба да го има на ум и да го вгради во сопствената стратегија. Вака како што го именувала и Данска – конкурентна зелена Европа, но особено имајќи ја предвид потребата Европа да стане што понезависна од руските извори на енергенси, нешто што се покажа како многу кризно прашање во изминатиот период, истакна Филипче.

Во однос на безбедноста, тој ја поздрави одлуката на ЕУ за зголемување на инвестициите во воената индустрија и градење на автономна безбедносна политика, независна од трети актери. Во обраќањето на Советот, Филипче стави акцент и на проширувањето на Европската унија, кое, според извештајот на данското претседателство, добива нова тежина, особено со вклучувањето на земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина во заедничката безбедносна политика.

Венко Филипче ЕУ национален совет за евроинтеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.