Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Од октомври ќе се бара сертификат за целосна имунизација

0
By НОВА ТВ Balaban on September 17, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 17, 2021 13:59

Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, изјави министерот  Филипче.

Министерот за здравство, Венко Филипче, во изјава за медиумите денеска најави дека од октомври ќе се препорача дополнување на мерката „една доза вакцина“ за влез во ресторани, трговски центри и други места.

Сега влезот во сите угостителски објекти и во други институции е можен со една доза, од октомври ќе се бара сертификат за целосна имунизација.

– Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, изјави министерот  Филипче.

Министерот рече дека во болниците има доволно слободни кревети за хоспитализација на заразени од коронавирус.

– Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодијагностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим во Институтот за јавно здравје која ќе биде индикатор за нови мерки. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани, нагласи Филипче.

Бројката на новодијагностицирани со ковид-19 во моментов е слична на онаа од изминатите денови, а нема ниту зголемен број хоспитализирани деца.

Во однос на тоа дали ќе се менува нешто во школскиот модел, ќе се знае откако ќе биде готова експертската анализа.

Резултатите од анализата за опфатот на вакцинацијата и возрасната група на дијагностицирани, се очекуваат во сабота и ќе бидат индикатор и за тоа дали евентуално ќе се предложат дополнителни мерки. Потоа, во недела или понеделник, се очекува состанок на надлежните.

Според Филипче, за задолжителна вакцинација е се уште рано, иако не ја  исклучува можноста.

– За задолжителна вакцинација е се уште рано, но не ја исклучувам можноста. Некои земји можеби идната година ќе воведат и таква мерка, но засега граѓаните треба да се свесни и да одговорат на апелите да се вакцинираат, зашто тоа е единствен начин за бобра против пандемијата, истакна Филипче, потенцирајќи и дека токму каде што е најголем опфатот со вакцинацијата, Охрид, Ресен, Вевчани, Неготино, Кавадарци, најмал е притисокот врз болниците, а онаму каде што има најмалку вакцинирани, како во Тетово и Гостивар, притисокот е огромен.

Децата, рече Филипче, се трансимитери, но родителите се заштитени ако се вакцинирани.

За други рестрикции, засега не се размислува.

 

Венко Филипче две дози дополнување на мерката
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.