Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

0
By Marija Todorovska on June 22, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина насловена „Македонија понижена – една година Влада“.

Денес, по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, вистината е болна, но мора јасно и недвосмислено да се каже: Македонија не е горда – Македонија е понижена. Понижени се работниците, понижени се земјоделците, понижени се младите кои се надеваат на својата иднина дома. Една година беше повеќе од доволно време да видиме дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага. И денес, една година подоцна, граѓаните тоа јасно го гледаат и го зборуваат, рече Филипче.

Тој истакна дека низ директни средби со граѓани, најчестото нешто што го слушал е дека достоинствен живот не постои без достоинствени плати, без перспектива за младите и без правен систем кој важи за сите – освен за власта.

 Вистината е болна. А вистината е дека добивме Влада иста каква што граѓаните со револуција ја сменија. Влада која работи за себе и за оние околу себе, а граѓаните ги остава сами. Влада која манипулира и ги лаже дека живеат добро, додека реалноста е тешка и неподнослива, посочи Филипче.

Тој додаде дека денешната власт демонстрира бесчувствителност, ароганција и тотално отуѓување од потребите на луѓето.

Лидерот на СДСМ истакна дека Македонија се соочува со економска криза каква што не е видена со децении.

Живеачката станува неподнослива, а граѓаните се оставени сами пред ударот на енормните цени, падот на куповната моќ и луксузот на функционерите, рече Филипче  и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја втурнале државата во економска криза, го закочиле растот на платите и ги оставиле трговците и моќниците да прават што сакаат со цените.  -Парното поскапе, цената на струјата дивее. Граѓаните се плашат да ги отворат сметките за да проверат колку треба да платат секој месец, рече Филипче.

Тој додаде дека и покрај секојдневното уверување од страна на власта дека економијата расте, бројките покажуваат поинаква слика.

Секојдневно нè убедуваат дека имаме силен економски раст, но реалните бројки се брутални. Инфлацијата е речиси 4,5 отсто, а растот скромни 2,6 отсто. Прв пат имаме негативен економски резултат, полош и од воената 2001 година. Граѓаните живеат на раб на достоинство, додека функционерите на Мицкоски и тој самиот се расфрлаат со луксуз – приватни авиони, скапа храна и хотели од соништата, посочи Филипче.

Тој нагласи дека македонскиот народ никогаш не барал лесен живот, но барал чесен однос и вистина.

Македонскиот народ никогаш не живеел лесно. Сме се бореле со сиромаштијата низ годините, сме се бореле за опстанок. Но, она што сега најмногу боли е леснотијата со која Владата нè убедува дека се живее добро. Дека живееме во земја „економски тигар“ која е четврта во Европа. Дека платите се добри и куповната моќ е голема, поголема од европските земји. Но, реалноста е сосема друга. Платите се најниски во Европа и по седум години престанаа да растат. Животниот стандард е најлош во Европа. Ова не го тврди СДСМ – ова се погубни статистички податоци од најреномираните европски институции, истакна Филипче.

Според Филипче Македонија не само што е економски осиромашена, туку и сериозно небезбедна.

По однос на безбедноста, јасно му е на секој граѓанин на оваа држава дали е сега подобро или не. За една година од оваа власт ни се случи најголемата трагедија во модерната историја на Македонија. Трагедија која можела да биде спречена доколку полицијата редовно и чесно си ја вршела работата, рече Филипче.

Според него МВР е целосно партизирано и нефункционално, додека криминалитетот експлодира.

За жал, полицијата денес, по една година, е претворена во партиска војска на Мицкоски и неговата партија. Општиот криминалитет е зголемен речиси за половина – и тоа според нивните статистики. Секојдневно гледаме убиства, пукања, трагични сообраќајни незгоди. Безбедноста на граѓаните е загрозена како никогаш досега, посочи Филипче.

Филипче се осврна и на јавната администрација, при што рече дека партизацијата на институциите е официјализирана, а партиската книшка е главна квалификација за работа во државата.

Нивните функционери отворено кажуваат дека вработувањата во болниците и секаде на друго место се само по партиска заслуга. Тоа го кажуваат гордо, без срам – како да е нормално, посочи Филипче.

Тој се осврна и на евроинтеграциите, нагласувајќи дека по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија не само што не се доближила до ЕУ, туку се оддалечила од секоја стратешка насока.

По една година е јасно дека напред е слепа улица со ВМРО-ДПМНЕ. Нема план, нема волја, нема стратегија како нашата држава ќе стане членка на ЕУ и каде се движиме како нација…СДСМ даде поддршка, СДСМ имаше разбирање, нудеше реална соработка и национален консензус за клучните прашања. Бевме – и сè уште сме – спремни да застанеме и да поддржиме решение кое е пред сè во интерес на граѓаните, посочи Филипче.

Според него, владата избрала поинаков курс – пат кон изолација, неизвесност и порази.

За жал, Владата фаќа друг пат – во непознат правец. Оваа несигурност, оваа бесперспективност ќе биде погубна за иднината на државата и нашите граѓани, рече Филипче.

СДСМ трибина Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.