Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче прави законски измени за да има заменик директор на МАЛМЕД

1
By Менче Атанасова Точи on September 17, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се менува Законот за лекови  за да се отвори законска можност за именување на заменик директор во Агенцијата за лекови. Подносител на барањето за измени на законската регулатива е Министерството з а здравство, потврдија за НОВА од оваа институција.

Предлог -законот за изменување и дополнување на лекови и медицински помагала веќе е објавен на Енер на Влада, алатка преку која преку доставување предлози, мислења и забелешки можат навремено да се вклучат засегнатите страни во креирањето на регулативата.

„Да, точно е. Објавено е известувањето на Енер на Влада по што  ќе оди на проценка на регулативата, па во Собраниска процедура“, потврдија за НОВА од кабинетот на министерот Филипче.

Во  Предлог законот кој е доставен во Влада стои дека “од досегашното искуство во примената на Законот во делот на работата на директорот и функционирањето на Агенцијата се констатира дека, заради непостоење на заменик, во случај на отсуство на директорот, се јавува проблем во ефикасното вршење на работите“.

Во Агенцијата за лекови досега немало заменик директор. Извори од таму велат дека немало потреба за тоа бидејќи и да патува директорот на неколку дена , процедурите кои што вршат таму се долготрајни и не изискуваат никаква итност. Згора на се, Законот за организација и работа на органите на државната управа во член 52, став 3 и 4, предвидено е во отсуство на директорот тој да може избере заменик од редот на вработените.

„ Непотребно се прави ова. Законот и досега дозволуваше директорот да избере заменик од редот на вработените, во негово отсуство. Вака се создаваат непотребни трошоци, плата од околу 1000 евра, како и трошоци за стан и возило доколку заменикот не е од Скопје“, велат нашите извори.

Во јавноста веќе се шпекулира дека на повидок е политички договор, со кој директорското место на Агенцијата за лекови( МАЛМЕД) треба да припадне на БЕСА.  Се спомнува името на Ќамил  Ибраими од БЕСА, фармацевт и професор на Универзитетот во Тетово кој треба да биде назначен за нов директор, а негов заменик да биде сегашниот директор Роберт Бекироски кој е од СДСМ.

Во БЕСА за НОВА потврдија дека ова директорско место е дел од преговорите за влез во Владата, но велат дека не е конечно и не знаат дали воопшто ќе помине.

Од Министерството за здравство нема официјална потврда за ова, но и таму веќе се знае заради што се прави измената на Законот за лекови.

Инаку, Бекироски за кој наводно е наменето заменичкото не од Скопје и освен платата, за него ќе треба да се обезбедат средства за возило и стан.

НОВА пред четири месеци објави , дека Владата ја крие и професионалната биографија на Бекироски. Од таму сметаат дека тоа е личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Ова е првпат  CV на еден  директор да биде личен податок и нешто што не треба да го знае јавноста.  НОВА има сознанија дека Бекироски не ги исполнува условите за директор.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.