Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Разгледуваме две локации за дислокација на Центарот за третман на зависници

0
By Нова ТВ on June 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 27, 2019 17:24

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се најде решение за дислоцирање на Центарот за третман на зависници од Општина Кисела Вода,  и кажа дека покрај предлогот за негова преселба во Општина Гази Баба се разгледуваат уште две алтернативни локации.

– Идентификувавме неколку објекти каде би можеле да го префрлиме Центарот. Наидовме на отпор од компаниите во Општина Гази Баба, но има уште две алтернативи што ги разгледуваме и ќе ги искомуницираме убаво со околината за да  не се соочиме повторно со таков проблем.

Ве уверувам дека решение ќе најдеме, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на иницијативите за младински политики од граѓанскиот сектор во Владата.

Невладини организации предлагаа да се отворат четири центри за третман на зависници, но Филипче вели дека засега е најдобро сегашното централизирано решение затоа што нема персонал.

– Една од опциите беше дисперзија, но се соочивме со недостаток на кадар. Не можеме да обезбедиме четири центри и притоа на сите четири места да се соочиме со ваков проблем како што се соочуваме сега и притоа да немаме кадар и да обезбедиме соодветни услови. Затоа сметам дека ова се уште треба да биде централизирано, на едно соодветно место, каде што ќе се концентрира експертизата и ќе има екстра просторни услови повеќе од сегашните со дополнителни услуги. Третманот  сега е сведен на еден несоодветен начин, меѓу другото и заради тој проблем. Верувам дека во периодот што доаѓа ќе има решение, рече Филипче.

 

Кисела Вода Филипче Центар за зависници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.