Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

0
By Zoran Ivanov on June 29, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 29, 2026 15:17

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес.

Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како што Христијан Мицкоски тргнал да воспоставува по примерот на неговиот ментор, очигледно идол, Никола Груевски ние овој закон во Собранието ќе го блокираме, рече Филипче.

Тој потсети дека СДСМ се повлече од работната група за изработка на Изборниот законик поради, како што рече, начинот на кој власта претходно го донела Законот за Влада, без консензус со опозицијата, менувајќи ги правилата за функционирањето на пржинската влада.

Воведувањето на пржинската влада пред десетина години, потоа повторно и во 2018 година, беше со консензус, тогаш и со присуство и активно учество и на меѓународната заедница, нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави и Европската Унија. И сега власта шверцерски, во ист таков како до пред 10 години автократски манир и манир на режим го смени Законот за Владата, рече Филипче.

Тој нагласи дека и покрај повлекувањето на СДСМ од работната група, власта продолжила со подготовката на законот и поднела текст кој содржи решенија што отвораат сериозни сомнежи за фер изборен процес. Филипче посочи дека една од најспорните одредби е воведувањето електронско гласање за дијаспората, без јасно уредени механизми за проверка на идентитетот и без законски гаранции за безбедноста на процесот.

Се предлага електронско гласање на дијаспората. Тоа значи без никаква проверка на луѓе коишто не знаеме, наши иселеници каде се, кој ќе им го провери идентитетот,едноставно пред компјутер ќе може да гласаат и тоа ќе има еднаква вредност како гласањето во татковината. Тоа отвара ризик за масовно и неконтролирано гласање, исто како што беше тоа за време на владите на Никола Груевски. Тоа е еден систем којшто е многу опасен, којшто отвара врата за изборна манипулација и кражба од страна на оваа власт, рече Филипче.

 

блокира за коник Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.