На граѓанската трибина во Демир Хисар, со која Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) официјално ја започна предизборната кампања за локалните избори, претседателот на партијата, Венко Филипче, рече дека за реализација на програмата и визијата која ја која ја нуди СДСМ за општина Демир Хисар, го имаат најдобриот кандидат за градоначалник, Златко Кузмановски.
ина и има волја и план да се справи со сите проблеми тука во Демир Хисар“, посочи Филипче, укажувајќи дека Кузмановски е човек кој ја заслужува довербата да ја води општина Демир Хисар.
Филипче нагласи дека на овие избори граѓаните избираат повеќе од партија – избираат иднина и дом кој ќе им го оставиме на нашите деца.
На деветнаесетти октомври, имаме можност да кажеме доста на лагите, на неправдата и на лажниот патриотизам. Има можност да избереме чесни луѓе, луѓе со интегритет кои ќе одговараат пред вас, граѓаните. Сите заедно да излеземе и да покажеме дека се бориме за нашиот дом – за Демир Хисар, за Македонија и за сигурна и просперитетна иднина, порача Филипче.