Власта го зграпчи буџетот и го користи за пљачка преку тендери, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на ТВ 24.
Тој упати сериозни обвинувања кон актуелната власт за злоупотреба на државниот буџет, економска неспособност и лоши политики кои, директно го уриваат стандардот на граѓаните.
„Го зграбија буџетот и го користат само за да ги пљачкаат народните пари преку тендери на свои компании блиски до ВМРО ДПМНЕ.
Никаква добра економска политика, за стандардот на граѓаните. Каде има зголемување на платите? Одбиваат да го зголемат стандардот на граѓаните. Каде има мерки за справување со кризата? Каде се парите коишто ги ветија на пензионерите? Ги украдоа луѓето„, потенцираше Филипче.
Филипче обвини дека додека државните пари се злоупотребуваат преку тендерски шеми, народот тоне во сиромаштија и не може да врза крај со крај. Тој нагласи и дека буџетот и економската ситуација се катастрофални, секој ден има задолжување, додека дефицитот во буџетот сериозно расте.
„Каде се платите за здравствени работници, за просветни работници? Каде е минималната плата? Најниска во регионот. Каде е просечната плата? И колку малку луѓе земаат просечна плата во државата? Каде се мерките за студентите? Ништо не прави оваа власт. Што се случува во земјоделството? Секторот е пред колапс. Луѓето не можат крај со крај да врзат. Така што, оваа власт не заслужува. Граѓаните не заслужуваат ваква власт да ни ја води државата, рече претседателот Венко Филипче.




