Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ наместо со СДСМ да се занимаваат со проблемите на граѓаните

0
By Zoran Ivanov on November 19, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 19, 2025 15:36

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во однос на повиците да поднесе оставка посочи дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимаваат со СДСМ, треба да се погрижат да ги решаваат проблемите на граѓаните и да се посветат на реформите.

Тој денеска на прес-конференција најави и дека партискиот Конгрес ќе биде околу Нова година, на кој ќе претходи состанок на Централниот одбор на којшто ќе се анализираат резултатите од изборите и делувањето на партијата во следниот период.

Интересно е што повиците за оставка стигнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Не знам зошто тие се занимаваат со СДСМ. Тие треба да се занимаваат пред сè со проблемите на граѓаните, кои силно ги притискаат, а тие воопшто не се ни обидуваат да ги решат. И во јавноста излегуваат повици за одговорност и за некои наводни договарања со ВМРО-ДПМНЕ и од наши членови. Дури мислам и дека се инструирани од ВМРО-ДПМНЕ. Дел од нашите партиски другари претрпеа пораз на општинско ниво. Ним им беше дадена довербата да ги водат општинските организации, а направија најлоши резултати досега во тие општини. И сметам дека немаат морално право тоа да го бараат. Но подготвен сум да дебатирам на која било тема и со нив, рече Филипче.

Тој демантираше дека постои „скриен“ договор со ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на некаков „скриен“ договор со ВМРО-ДПМНЕ, или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика во изминатиот период. Сметам дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласови за година и пол, што е третина од гласовите што ги добија пред една и пол година, е заслуга и на нашата опозициска реторика. Ние сме тие што ги разобличуваа нивните лаги, нивната лажна реторика, нивниот лажен патриотизам, рече меѓу другото Филипче.

Во однос пак, за изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за буџетот во правосудството, Филипче смета дека тоа е „спин“ на власта за да се префрли фокусот и да не се прикаже целосната слика.

Не станува збор само за тоа колку плата земаат вработените во правосудството. Станува збор за тоа што и како треба да се направи за да се зајакне системот и да се стигне до поголеми буџети, онака како што тоа функционира во развиените земји. Тоа е вистинското прашање. А власта не го коментира тоа, затоа што за реформи воопшто не станува збор. Ниту еден реформски закон не е донесен од реформската агенда, затоа што немаат интерес за реформи, рече Филипче.

Според него, судиите и обвинителите не бараат само повисоки плати, туку тоа го бараат како дел од спроведувањето реформи во нивниот систем.

 

ДПМНЕ сдсам Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.