Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Изминатите 3 години направивме голема инвестиција за здравствените работници

0
By Ivana on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 2018 до сега некаде 8.300 согласности се дадени и реализирани вработувања, лекари, медицински сестри, помошен технички персонал на определено, неопределено време, договор на дело. Зголемени се платите на лекарите специјалисти, практично дуплирани, некаде достигнуваат и до 160 илјади денари во зависност од дежурства, изјави Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на пратенички прашања.

– Навистина голема инвестиција направивме за здравствените работници изминатите 3 години и имајќи предвид дека во различни нивоа на здравствена заштита работат различни специјалисти и оваа категорија на лекари кои што изразија незадоволство посебно за изминатиот период и врз основа на кои барања започнавме разговори, не само во делот на финансирањето на нивниот дел од работата туку и суштински го избравме дел од системот кој што понатаму не би требало да доведе до вакви промени, потенцира Филипче.

Понатаму, како што додава, во делот на младите лекари, сите имаат платен стаж, 30 илјади денари без никаква дискриминација за примање на работа.

– Во изминатиот период до пред два три месеци практично немаше млад лекар кој што беше невработен или неангажиран, сега секој месец како доаѓаат циклусите на полагање на испитите во лекарската комора имаме многу нови групи лекари кои што исто така ги комуницираме и ги ангажираме. Понатмау, во делот на матичните лекари зголемување од 20%, еден дел од концептот на промена на начинот на функционирање со измена на Законот за заштита кој што сега сакаме да го направиме, прво јавно ќе го искомуницираме, верувам дека ќе има дебати во собранието, поддржана од сите политички партии, додаде Филипче.

Според него, сите чинители, синдикати, лекарска комора и т.н со цел да се дозволи флексибилност на работата на лекарите, да може да работат било каде после завршување на работното време, во јавното здравство или во приватните ординации, таму каде што ќе имаат закажани пациенти или помеѓу примарното и секундарното здравство, односно секундарните гинеколози и педијатри да може да прикрепат пациенти како матични, посебно регионите каде што има недостаток навработени, а матичните лекари да можат да дежураат за соодветна сума на пари во јавно здравствените установи.

На тој начин, како што рече Филипче, со еден флексибилен модел ќе го зголемиме пристапот на граѓаните и пациентите до лекарската услуга.

 

Венко Филипче Здравствени работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.