Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Во понеделник ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

0
By Marija Todorovska on May 24, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозициската партија СДСМ не е запознаена со детали за договорот со Велика Британија. Нашите прашања се логични и легитимни. Не знаеме на колкав рок се земени тие пари, колкава ќе биде каматата. Нашите пресметки се дека силно ќе биде оптеретен јавниот долг. Тоа денеска го посочи партискиот лидер Венко Филипче, одговарајќи на прашања на медиумите во Охрид, каде присуствуваше на Свечената академија одржана по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Практично со тоа се задолжуваат повеќе следни генерации. Министерката за финансии нема одговор на тие прашања. Еднакво е неодговорно и да не знае и доколку ги крие. Сметам дека со овој кредит за кој не знаеме никакви детали, оваа Влада воведува данок на иднината, рече Филипче.

Во врска со обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на Свечената академија во кој тој повика на единство кај партиите кога се во прашање националните интереси, Филипче потсети дека СДСМ постојано иницира средби, за тоа што треба да се направи за постигнување национален консензус.

Треба да сме свесни дека живееме во мултинационална и мултикултурна држава, тука не живеат само Македонци, тука се Албанците, Турците, Власите, Ромите…Многупати иницираме работа на конкретни теми, за реформската агенда, постигнување консензус по тие прашања…Добро тргна работата со Законот за енергетика, но во последен момент власта поднесе амандмани што се целосно против вредностите кои ги промовира ЕУ.., рече Филипче.

Тој рече дека партијата е апсолутно подготвена да работи заеднички за доброто и напредокот на државата.

Веќе во понеделник ќе дадам конкретен предлог за што треба лидерите на најголемите политички партии да разговараат, затоа што јасни се пораките од ЕУ. Додека чекаме и не правиме ништо е губење време. Младите тоа го гледаат единствено како стимул за иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа иднината тука во Македонија ако ние не го откочиме тој евроинтегративен пат, заеднички да работиме на унапредување во многу сфери што ќе го направи животот и подобар и поквалитетен, рече лидерот на СДСМ.

Во врска со излeгувањето на Арбен Таравари од владејачката коалиција и евентуално коалицирање со него, Филипче рече дека СДСМ партнерите ќе ги бара преку начин на соработка во насока на остварување на програмата за локалните избори, како и преку взаемно почитување на политичките субјекти.

 Тоа е начинот на кој ги идентификуваме нашите коалициски партнери. Веќе имаме потврдени партнери, за локалните избори работиме на креирање на советничките листи. Сигурни кандидати за престојните локални избори се актуелните градоначалници на Центар и на Крушево, Горан Герасимовски и Томче Христовски, рече Филипче.

Венко Филипче лидерска средба партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.