Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Возилата од Земјоделие нема да се теренски туку за транспорт на пациенти

0
By Менче Атанасова Точи on May 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 14, 2019 16:31

Владата на денешната седница треба да одлучи дали осумте возила од Министерството за земјоделие ќе може да ги преземе  Министерството за здравство за да преадаптира во возила за итна медицинска помош. Ова денеска го потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

„Прво треба возилата да се префрлат од владение на Министерството за земјоделство на Министерството за здравство. Станува збор за возила кои се во солидна состојба и нема да бидат теренски, туку само за транспорт на пациенти и тоа е таа мала пренамена што може да се направи. Ќе направиме постапка за да ги пренамениме сите возила за потребите на Итната медицинска помош, рече Филипче.

Пред речиси два месеца, Филипче изјави дека секторот за опрема треба да направи проценка дали осумте комбиња од Министерството за земјоделство можат да се адаптираат во возила за итна медицинска помош. Во јавноста тоа не се протолкува како мала промена, туку како сериозна намера комбињата кои не им требаат на Министерството за земјоделие,  да служат како возила во кои ќе се пружа итна медицинска помош.

 

Комбе од Министерството за земјоделие

На прашањата на новинарите како планира да се адаптираат, кога возилата за итна медицинска помош треба да исполнуваат строги стандарди и не треба да има импровизации кога се човечки животи во прашање, Филипче тогаш со одговор:

„Имаат малку километри поминато изгледаат солидно, внатре имаат полици што може да се искористат. Така што, Секторот за опрема ќе ги види и ќе одлучат дали можат да послужат и да започне постапка за опремување. Ќе ви кажам кога ќе заврши процедурата колку тоа ќе чини, макар да треба и да се распише тендер, изјави Филипче на 20 март годинава.

Нови возила за Итната медицинска помош

Инаку, денеска министерот Филипче ги промовираше новите 12 возила на Итната Медицинска помош наменети за Скопје и за неколку градови во државата кои ги најави претходно. Тој истакна дека возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема и со овие возила им се овозможува на пациентите да ја добијат неопходната здравствена услуга многу побрзо и поквалитетно.

„Во отворена и транспарентна постапка со огромна заштеда набавивме 12 возила за Итна медицинска помош. Шест од вкупно 12 возила се наменети за градот Скопје, додека пак останатите шест возила се наменети за Здравствен Дом Крушево, Здравствен Дом Кичево, Здравствен Дом Крива Паланка, Здравствен Дом Берово, Општа болница Струга и Општа болница Дебар“, рече денеска Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.